Не знам дали прашањето ми е во соодветната тема, ама сакам да ве замолам ако може да ми препорачате некоја книга, каква и да е, само да не е преведена на македонски. Ми треба за дипломска, па не можам да се сетам на книга што не е преведена. Thanks
Како што напишав, каква било, од која било област, ама по се изгледа нема да ми треба тоа, бидејќи денес разговарав со менторот и ми рече дека би било подобро (според неа) да одберам некое веќе преведено дело, па да го анализирам, матрица на преводливост, сите постапки..., сепак фала
Препорачајте некоја книга, со смрт нешто, да ми скине нервите од неизвесност, но да ја има во библиотека.
Препушти се - Сара Десен Перфектна хемија - Симон Елкелс Мојот личен ФБИ агент - Џули Џејмс Рајот може да почека - Кели Тејлор Ангус, танги и бацување со стискање - Луиз Ренисон Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин Го сакам Њујорк/ Париз/ Вегас/ Холивуд/ Лондон - Линдзи Келк
Isceznata bez traga Koliba Mokta na podsvesta Golemata cetvorka (Se izvinuvam sto pisuvam latinica, ne mozam da smenam fondot)
Ја барам книгата . . . Јас не барам конкретна книга,ама не можев да најдам посоодветна тема.Ако може да ми предложите книга во која се опфатени различни процеси на учење,максимизирање на ефикасноста при учење и сл. Некоја книга со корисни совети од тој тип. Знам дека има еден куп англиска литература таква,ама не би сакала да порачувам од интернет,па ако може да ми предложите нешто што можам да го купам тука.
Јас ќе ви препорачам сега две книги едната штотуку ја завршив другата ја почнав вечерва 1. Дете 44 - Том Роб Смит ( книгава е криминалистика, психолошка и мноогу добра.. многу е непредвидлива, на моменти ме оставаше без зборови, и има многу непредвидлив крај) 2. Ејми ја нема - Џилијан Флин (книгава ја почнав вечерва, имам читано многу за неа и знам дека е мноогу добра книга, веројатно сте слушнале за неа, така ја препорачувам и јас)
1.Принцезата Султана 2.Ќерките на принцезата Султана 3.Прстенот на принцезата Султана Се читаат во еден здив, три дела се, а автор е Џин Сасон
Молчи молчи-Бека Фицпатрик Паднати-Лорен Кејт Девојката што си играше со оган. Моќта на потсвеста Куќата на злото-Агата Кристи Страст-Лорен Кејт Крвни врски Чокохоличарка на диета Сопругата на италијанскиот богаташ Девојката што си играше со оган Од нигде од никаде На некои не ги памтам афторите
Ејми ја нема- Џилијан Флин Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс и двете ги имам прочитано и многу се добри омилени ми се
за што се работи во СКРИЕНА ВО НАЈМРАЧНИОТ АГОЛ ? доста примамлив е насловот а немам читано критика за оваа книга... некој предлог за книга инспирирана од вистинска приказна ???
многу е добра книгата треба да ја прочиташ, поделена е на два дела Пред четири години... Кетрин Бејли премногу долго ужива во животот како слободна девојка за да може да препознае добар тип кој вреди да се задржи за конечно да се почне нешто сериозно. Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. А нејзините пријателки очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу мрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство. После четири години... Ли е зад решетки, а Кетрин - сега Кети - опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Но кога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ... до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор. До денот кога почнува да наоѓа преместени предмети низ својот стан... еден од старите трикови на Ли. Уверена дека тој е вратен, Кети се подготвува овој пат да се бори со демоните од своето минато.