Женски во последно време сакам се да знам, од сите области. Дај препорачајте ми книги што ќе ми го прошират знаењето
^ Оваа ти ја препорачувам, а исто така и истоимениот филм - The book thief. Spoiler Ете и извадок од првите неколку глави. http://sakamknigi.mk/katalozi/Kradacka_na_knigi.pdf
Сакам да прочитам книга со еротскa содржина...препорачајте ми... 50 нијанси на сиво-не се задоволни многу од неа..па така да би сакала друга книга -препорака
„Љубовникот“ од Маргерит Дира... мислам дека нема да погрешиш, а се заснова врз вистинска (автобиографска) приказна. „Прва љубов во Розевата улица“
Дневникот на Ана Франк. Колибата на чичко Том. Мојата глава - Адолф Хитлер (оргинал Mein Kopf) Сето она што е лекарот за телото тоа е Достоевски за душата. Достоевски во историјата е познат како лекар на понижените, навредените, сиромашните. Па ти ги препорачувам сите книги од него бидејки сите се психолошки. Ете на пример Злосторство и казна книга во 5 тома, Понижени и навредени, Браќа Карамазови и др. Оноре де Балзак исто така пишувал психолошки романи. Шагринска кожа е еден од нив. Чичко Горио исто така. Ошо е еден од најголемите духовни учители во денешницата па не е лошо да се прочита нешто и од него. Како на пример Како да се сака, Емоционална благосостојба, Книга за разбирањето. Фјорд најпознатиот австриски а пред се и светски лекар и психолог исто така има напишано голем број психолошки книги.
`Во слава на маќеата` - Марио Варгас Љоса `Страв од летање` - Ерика Јонг `Ангус, танги и бацување со стискање` - Луис Ренисон `Дневникот на принцезата` - Мег Кебот
Девојки,планирам да тркнам до Ск да си купам неколку книги за на одмор,имам список,но би сакала да ми препорачате некои добри трилери,како и некои летни,романтични комедии Тенк ју.
Летни и романтични тука.. Едно лето во Италија Одлука - Николас Спарк Никогаш Посреќна Молчи Молчи Крешендо сите делови на Надарени Три метри над небото и Те посакувам и во случај ако посакаш да читаш онлајн: The boy who sneaks into my bedroom window Excistence (сите делови) My favorite mistake Beautiful disaster Rock and a hard place The art of life Се извинувам што немаат автори, но лоша сум во памтење имиња
Јас би ви ја препорачала книгата 'најубавото место на светот е тука' -франсеск минарлјес и каре сантос мене многу ми се допадна дека сите книги што ги читам сакам во себе да имаат некоја мистериозност
Топло ви ја препорачувам „Подарок за роденден“ од Сузан Елизабет Филипс. Прекрасна книга, само што ја прочитав, на крајот дури и очите ми се насолзија.
Мајката на оризот - Рани Маника - прекрасна книга за животот на неколку генерации од едно семејство!!! Насловот на книгата не ме привлече, дури си помослив - нешто досадно за животот во Азија, но толку ми се допадна книгава, што неколку дена ме остави ненаспана!!!