МилаФеминка и мене ме воодушеви „Невеста во Борџии“!!! Не сум баш сигурна дека целосно е со вистинити настани - но сигурно дел од ликовите и настаните се вистинити, а остатокот е фантазија на писателот - Џин Калигридис!!! Ја препорачувам во овие зимски денови, на сите што не ја прочитале!!!
Девојката на командантот. Знам дека книгата има два дела, и не, не ми е прочитан вториот. Ама утре ќе одам до библиотека да го земам следниот дел. Прекрасна книга. Останав две вечери без спиење, не можев да ја оставам. Предобра е, изненадена сум од Пам Џеноф, решив да и дадам шанса и дефинитивно не погрешив.
Ловец на змејови ви ја препорачувам,одлична трогателна приказна...малку постара е ама вреди да се прочита
Jaс ја имам Грчки митови-Роберт Грејвс во word document на српски, па ако не ја најдеш можам да ти ја пратам
Девојки ај препорачајте некоја љубовна психолошка книга, по можност со мафии, дрога, наркомани, тинејџери, емовки... Некоја што ќе ми пробуди некаква емоција зашто во последно време ми ги нема
од вас што читате книги на англиски, ај препорачате ми некоја книга(криминалистички,љубовен или,психолошки роман) така полесна за читање зошто немам читано англиска литература досега а сакам да почнам,па и да го подобрам англискиот малце . Предлог???
Дневникот на една наркоманка Вистинска приказна за петнаесет годишно девојче. Јас ја читав на српски симната од интернет
Штом е вистинска приказна, прати линк од сајтот уште утре ја читам Јас сеа ја побарав на нет, но не можев да најдам ништо :/
The Sectet History од Donna Tart- оваа книга прва ми дојде на памет, најмногу ми се допдна умешноста на авторката кој преку својот стил на пишување успева да преточи приказна од која не застанува здивот се до последниот збор. Ретко имам наидено на таква книга, која не само што го држи читателот заинтересиран туку и воедно нуди и литература која не е за потценување. Мислам дека главна тема е осаменоста, на главниот лик. Земајќи предвид дека авторката ја објвила оваа книга на релативно млади години мислам дека 28, сепак ќе ги проверм и нејзините останати книги. Објавува една книга на секои десет години па имам останато уште две.
Препорачајте ми некоја книга со дејство што се одвива во Русија, по можност трилер или некоја љубовна драма.
http://www.sakamknigi.mk/index.php/trileri/ostanati-trileri/item/40462-дете-44-од-том-роб-смит Дете 44 мислам дека супер ќе ти легне, сите елементи што ти се наброени ги има, неизвесна книга, не се остава додека не се прочита.