Ретко кога може да ми се погоди книга онака да можам цел ден да не тргнам очи од неа. Мрзата ми е најдобар другар, што се вели ме мрзи да живеам а не да читам книга и и ако некоја ја читам затоа што навистина сакам да го правам тоа значи дека многу ми се погодила. Лани позајмив еден комплет книги, ,,Надарени‘‘, прво го зедов првиот дел незнаејќи дека има уште пет, ги зедов и другите пет дела, толку се вљбив во книгиве што и на училиште ги носев и на ФЗО не играв за да ги читам. Секој дел има околу 200 страни и за само една недела го прочтиав цел комплет. Не помина долго и почнав од почеток да ги читам, ги прочитав по втор пат, мислам дека нема повторно да најдам книга што ќе ја читам со толку љубопитност и по трет пат ги прочитав. Сега по 6-7 месеци повторно почнав да ги читам, сега го дочитувам првиот дел и повторно ќе ги читам до последниот, ретко се наоѓа книга што можеш да ја читаш и читаш одново и одново и да не ти се здосади. Ако почнам тука да раскажувам за содржината никогаш нема да завршам а накратко можам да кажам дека секое од овие деца има посебна дарба, дарби што не се реални за останатите луѓе, сите се различни ама ги спојува тоа што имаат дарба,учат во исто училиште, огромно училиште во кое има посебна училница, училница за ,,Надарените‘‘, Spoiler на почетокот се 8 деца но на крајот од првиот дел им се приклучува девојката за која се работи во првиот дел. Сите делови на некој начин се споени и продолженија на претходните, но првиот дел најмногу се зборува за една од тие надарени ученици,секако се споменуваат и други настани и другите деца од училницата но најмногу се алудира на неа, исто и во секој нареден дел. За нивните дарби знаат малкумина, наставничката во класот на надарените ученици,нивните родители и директорот на училиштето кој заедно со уште неколку члена припаѓаат на еден вид криминална банд која сака да ги искористи моќите на овие деца во нивна корист. Ако на почетокот беа затворени деца и не мислеа дека нивните моќи имаат некаква поврзаност и корист за човештвото по низа авантури и опасности низ кои ќе минат сите ќе се сменат и ќе ја сфатат дека силата која ги поврзува навистина постои. Ако има некој заинтересиран за поопширен опис за книгите, со задоволство би објаснила. Инаку, сеуште не се излезени седмиот,осмиот и деветиот дел. Едвај ги чекам.
Јас ја препорачувам Gone Girl од Gillian Flynn, одличен трилер роман. Може да си ја симнете преку торент како epub file.
Препорачајте некоја книга, ама да ја има на интернет за симнување во пдф. Сакам на телефон да читам. Би било добро ако имате линк да постирате. Фала.
Eве на овие два линка Натали имаш голем број книги на српски (ако не ти е проблем што се на овој јазик) во пдф . Јас од вториот си симнав еден куп наслови, попрактично е бидејќи е без регистрација и според мене има солиден избор.
Фала ти. Ќе разгледам. Јазикот не е проблем. Зависи до преводот дали е добар. Преферирам да читам на англиски. Едит Вториот линк не ми го отвора.
Јас ја читав на англиски, но ова е ново издание на Сакам Книги, ќе ја има сега промотивно на саемот на книга
Денес ги земав од библиотека Спас од Исидора Бјелица и Зависна од мода од Ребека Кемпбел, ги имате читано да ми кажете дали се интересни или ич да не ги отварам хаха
Го имаат забрането изгледа,баш штета А имаше околу 1000 супер наслови на книги. Сега ми е криво што не си изнасимнав повеќе.
За вие што сте послободни топло ви ја препорачувам „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак“ на Харуки Мураками. И овој роман на Мураками, како и секој друг, зборува за вредноста на човековото постоење без разлика на тоа дали тој постигнал нешто, дали работи, колку му е досадно... Животот иако досаден, вреди да се живее. За големото човеково недоразбирање кое е толку актуелно денес, за индивидуата наспроти колективот. Според мене оваа е една од најдобрите негови книги од уметничка гледна точка. Отвора простор за фантастичен роман (што е типичен за Мураками), но на крај зависи од читателот. Мислам и дека втор дел комотно може да излезе од него. Читајте и уживајте, па се радувам на дискусија.
Последниот воз за Истанбул - Ајше Кулин Вреди да се прочита... Содржината останува во секавањата засекогаш... Време - Втора Светска војна Место - Париз, Марсеј, Берлин, Анкара, Истанбул... Ликови - Многу Турци, Евреи, Европјани... Тема - борбата да се спасат што повеќе Евреи од канџите на нацистите ... Прекрасна приказна со измислени ликови, но заснована на историски факти - 10/10!!!
Вака сега...Откога ја читнав Марина,Карлос Руиз Зафон ми е закон човекот! Бев на саемот за книги овој од Матица шо беше и видов многу интересни книги од него,ама не ги купив... Предлог книга од овој автор нешто?