Не ве пратам многу што читате, ама има тука неколку феминки кои ме бендисуваат што вкус имаат. Многу сум тапа периодов, читам стручна литература, но одамна не сум фатила некое убаво литературно парче. Ми треба некој предлог за нешто модерно, со класичен призвук, со лелеавост низ него, убаво нанижани зборови, деталност на ликовите и фина приказна.
Девојки препорачајте ми некои тажни љубовни романчиња, со изгубена љубов, некои кои се сакаат па не успеваат да останат заедно..Или па нека има среќен крај ама макотрпно да се стигне до него. Само нека не биде од спаркс, или пак онаа три метреи над небото.
„Само Пријатели", „Во Врска со онаа ноќ", „И одеднаш едно лето", Ана и Францускиот Бакнеж", „Светот не е фабрика за исполнување желби" .... Има премногу можеш да ги погледнеш на сакам книги имаат добри понуди
А од Коељо сите ги имаш ли читано? Јас на пример многу сакам да си ја купам Победникот е сам, ама никаде не можам да ја најдам....А би ти ја препорачала последната негова, „Прељуба“ ако ја немаш читано и „Вештерката од Портобело“....Мене моментално ми се хит од Јелена Б.А.романите и благо ти ја препорачувам „Последна пролет во Париз“
Па не дека ги имам читано сите од Коељо туку во нашата библиотека има само по еден примерок од неговите книги, па затоа и не можам да ги најдам... Инаку фала
Женски препорачајте ми некоја лесна книга на англиски јазик, идам многу години на англиски и граматика растурам ама вокабулар слабо, па затоа да почнам со нешто полесно да го подобрам малку.Што би ми препорачале, а и да можам лесно да го најдам во библиотека?
Ако сте љубители на тажни приказни од кои ќе доловите корисни поуки, топло ви ја препорачувам "Само пријатели" од Колин Хувер. Прекрасна книга која ме освои уште со првата глава. Книга со содржина што не ми дозволуваше да си легнам се до 6 наутро, дури не ја прочитав до крај. Книга која ме остави без зборови.
Човекот кој нема да ве остави рамнодушни,човекот кој ќе ве натера макар и една солза да пролеете,човекот кој ќе ви ја крене возбудата и напнатоста на највисоко ниво,човекот кој ќе ве натера да се заљубите на неговиот стил на пишување,човекот од чии книги не ќе можите да се одделите е Николас Спаркс Не жалам што трошам пари за неговите книги и гледајќи ги неговите филмови,никако!Овој човек ми е омилен автор и пишува препрепрехиперсупернајјакиубавипрекрасни.....книги со љубовна тематика,љубовни драми...му симнувам капаВи ги препоралувам сите негови книги да ги прочитате,а посебно Најдоброто од мене според која е и снимен филм.
Ловец на змејови-Халед Хосеини Ловец на змејови е роман кој ќе го растопи и најтврдото срце. Не постои никој кој е толку храбар кој нема да ги пушти солзите да леат врз страниците на овој роман. Болката, страдањата, предавството, срамот, но и љубовта се така објаснети што читателот се соживува со личностите.Ловец на змејови е толку живописна, трогателна приказна за пријателството, искупувањето, за љубовта, војната - човечкото лудило...
Дали ќе може да ми препорачате некои историски книги,нешто на пример како Белата кралица од Филипа Грегори,така нешто,иториска книг...м?
1. Папата Јована-Дона Крос (историска ) 2. Загубената ќерка-Дајен Чемберлен (мистерија) 3. Сенка на ветрот-Зафон (мистерија) ... Топло ги препорачувам. Прекрасни се!!!
„Без збогување“ - Линвуд Баркли, „Небезбедни куќи“ - Линвуд Баркли (продолжение на првата). Крими, драма, сѐ.