Ќе можеш ли да дадеш мала критика за книгава? Еден куп луѓе ми ја збореле, ама уште не сум ја нашла, а и немам поим за што е и од кого е?
Ја има брат ми читано и ми кажа дека е доста добра..се збори за тајна која ја знаеле многу луѓе како ајнштајн,еминем и други,тајната уствари е тоа што ти тоа што го сакаш копнееш по него сакаш да го имаш на пример шарено пенкало и таа твоја желба оди до космосот и космосот ти ја остварува сеа звучи малку глупаво но ете така е.За примерот со пенкалото значи ти нема да го имаш како од небо да ти паднало него некој ќе ти го купи важно ќе го имаш.Секогаш викам ќе ја прочитам ќе ја прочитам и никако да дојдам до неа но ете ако имаш шанса прочитај ја
Ронда Бирн,издавачка куќа Топер,џабе фрлени пари,да не кажам ама ќе кажам,ср**е во боја...стил на пишување...уууф немам зборови,содржина?!Хахаха...нема!Повеќе личи на сликовница него ли на книга и едно та исто се врти,веќе слушнати работи и тој глуп закон за првлечност,ако си конструираш позитивни мисли,се така ќе се случува како што ти сакаш...аха...глупости во боја,се покајав од првата секунда кога ја фатив во рака и секако не ја довршив.Комерцијална глупост од големата Америка,Опра да не ја изрекламираше толку во нејзиното шоу,на женава немаше да и успее законот за привлечност и да се обогати...
Коралина - од Нил Гејман Многу убава книга, цртаниот филм секако дека нуди поинакво доживување, но книгава е некако поинтимна, полирична, пострашна... Девојче кое влегува во другиот, паралелен сопствен живот. Истовремено ова е умна и храбра приказна за сопствените граници што секој си ги поставува.
девојката со портокали и страници за нашата љубов од странските а од македонските пиреј од петре м.андреевски незаменливи книги за мене до сега меѓу многуте кои ги имам прочитано
Ја читав, подарок од мајка ми ми беше. Не ми остави посебен впечаток од причина што сметам дека начинот на пишување е празен и без некоја литературна вредност и длабочина. Приказната инаку е занимлива. Инаку би ви ги препорачала трите книги од Лобсанг Рампа, тибетскиот лама, кои ги завршив пред извесно време.
^^ :y: Доколку сакате романи со мистериозни и детективски приказни ви ја препорачувам, Последната кашмирска роза- од Барбара К.
Па за зајакнување на вашата личност и за душевен мир би ви ги предложил "Патот на љубовта" и "Новиот ден" -- Антони де Мело.
"Sto potezi so cetka pred spienje",Ve molam koj ja ima procitano knigata da mi kaze nakratko dali e interesna i nekoja kritika za nea...
ЧЕКОРИ ЗА СЕЌАВАЊЕ Преубава книга, од филмот "Walk to remember", многу е убава и плус лесно се чита. Поздрав
Па далеку е од некоја квалитетна литература,ама можеш да ја прочиташ,мала е и брзо се чита. Всушност книгата е дневник на една млада девојка(околу 15 год мислам дека беше,незнам точно) каде што си го раскажува своите сексуални искуства во детали Порно на хартија
Грофот Монте Кристо од Александар Дима таткото Малку е големка, ама е фантастична... скоро секое лето ја препрочитувам