Препорака на неколку психолошки книги кои ќе ми го сменат погледот кон животот? Да не се некои од наведените тука.
,,Кога Ниче плачеше од Ирвин Јалом. Книгиште, кое плени, ве пренесува во друг век, друг свет, свет на психоанализата, интроспекцијата, размената на перцепции, книга која штом ја прочитате ќе почувствувате дека нешто ви недостасува, голема празнина. Исто како да ве напуштиле двајца пријатели. Друга книга која пак изобилува со дејствија и ве пренесува во еден друг свет, ве држи напнати, во исчекување е вистинската приказна прикажана во: Никаде без ќерка ми, поточно;Not without my daughter од Бети Махмуди. (грешка при превод најверојатно) Уникатно дело, според кое е снимен и филм во почетокот на деведесетите.
Преубава книга ...... Ако некој сака драми , историски , романтични .... Се чита во еден здив и не ви дозволува да ја оставите. Според мене тоа е и целта на книгата а не некои книги што мора да се убедувам да продолжам или пак да чекам неколку страни па да ми стане интересно . Омилена !
И јас барам некоја таква книга, пишана од психолог, екоја како ПАМЕТНИТЕ ЖЕНИ-ПОГРЕШНИ ИЗБОРИ. Сакам пишана од психолози со конкретни примери.
Некоја книга како за мене имам 14 ,сакам летово да читам нешто интересно Нешто ептен ептен интересно,предлози?
Од Сара Десен би ти ја предложила "Вистини за вечноста" и "Девојката која ја бркаше месечината" од Сара Адисон
Некој предлог за добра книга за подарок за машко (во доцните дваесетти )....по можнот да е историски роман со по малку љубовни елементи ?