Девојки, препорачајте ми книги, без разлика на жанрот, трилер, драма, љубовна... Се она што ве оставило без здив и дела од кои сте задоволни...Може да ми ги препорачате и вашите омилени дела. Ви благодарам.
Топло го препорачувам Руиз Сафон како ретко кој автор ме изненадил со раскажувањето и градбата на лик, а сега ја читам Здив на Скандалот од Сандра Браун, мн ми ја испофалија јас сум на почеток ама изгледа интересен заплет ќе има. Ако сакаш да пуштиш мозок на паша и за некое минато да научиш нешто добра е Аманда Квик, псевдоним е на ... не ми текнува точно ама историскте романи и се добри со интересни заплети и карактерно добри женски ликови, од неа најдобра ми е Заведување. Од нашиве автори еден од најдобрите за мене е Петре М. Андреевски, Пиреј и драмите Вејка на ветрот, Црнила, Лет во место, Диво месо е нешто посебно ... доста беше од мене има уште за пишување.
Тогаш тие што ги напишав погоре...без збогување или кој тропа на прозорецот...сега има нова "Неисполнето ветување" од истиот писател Линвуд Баркли
@piglet1 од Донато Каризи имаш нешто читано? Мене со БАркли омилени автори ми се. Доколку ги немаш прочитано Шепнувачот и Ловци на души, топло ги препорачувам. Трилери се и двата
Прочитани ми се, и воопшто не се воодушевив. Од Шепнувачот очекував многу повеќе.. На Баркли можам да кажам дека дури и понеизвесни ми беа, ама добрп, тоа е прашање на вкус.
@piglet1 точно дека се е работа на вкус. Од Неле Ноjхаус Снежана мора да умре ja имаш прочитано? И таа ми е една од подобрите трилер книги. Исто од Тес Геритсен книгите се добри. Jас ги имам на англиски. П.с доколку знаете други трилер книги слободно препорачаjте
Ја имам прочитано, и тврдам дека немам читано подобар трилер.Ја имам и новата од нејзе Кој сее ветар, ама некако за разлика од првата ми е тапа...За трилери јас ти препорачувам доколку ги немаш читано Без збогување и Небезбедни куќи од Баркли, Критични точки од Хуан Гомез Хурадо, Јас те сакам повеќе - Лиса Гарднер, Шепнувачот(иако мене не ми беше нешто wow), Пред да заспијам - Стивен Вотсон(добар исто така), Алекс - Пјер Леметр, Мрачни тајни на Микел Хјорт позитивно ме изненади, Исчезната без трага - Шеви Стивенс, Убијци без лица - Хенинг Манкел... И се изморив Препорачај ми нешто друго, така што те држело во неизвеснот, шѕо де воодушевило...
Вкусот на гревот - Зорана Шулц, дефинитивно една од подобрите книги што ги имам прочитано, книгава искрено не знам во кој жанр да ја ставам, на моменти е драма, на моменти е еротска, како и да е многу добра книга која што лесно се чита... ПРЕПОРАЧУВАМ !!!