Како се менува карактер? Книги совети давајте! Како да се контролирам? Никој не е совршен.Тоа е факт.Секој си има свои маани.Како да станам по комуникативна? Теми за муабет да бирам? Да не бидам одбивна? Како да не сум сама? Некако нешто кон добро,позитивно да сменам?Како да реагирам без брзање да размислам па да кажам?И тоа што јас не го сакам а друг ми го наметнува да го правам или да отидам некаде не е толку битно тогаш не им одговара ним па јас сум инает или тврдоглава. Хмм Многу сум тивка,неприметна дури. За обврски секогаш на време завршувам и помагам колку можам и некому ако ми побара помош но.. ете имам сепак проблем. Знам дека не е едноставно и ќе биде тешко но ми се потребни мноогу вашите совети. :/ Фала однапред
@SunnyGirl2 Лујза Хеј - Како да го излечите својот живот, ја има пдф на српски, лесно се чита, има и вежби, примери, ми остави добар впечаток. Кој ќе плаче кога ќе те нема - Робин Шарма, совети за промена на секојдневието и животот. Џозеф Марфи- Како да го добиете тоа што го сакате Секогаш му давам предност на пишаниот збор, но за проблемите што конкретно го наведе има и на јутуб. Имаш и на српски и англиски, пушти нешто ќе ти отвори, верувам ќе ти ја дигне самодовербата. Ако не најдеш пиши ќе ти пратам некои што ме инспирирале мене. Сепак прво побарај ги книгите, ја имам ставено првата во темата книги во пдф формат или така нешто беше.
Никаде без ќерка ми- Бети Махмуди Крадачка на книги- Маркус Зусак Алекс- Пјер Леметр Девојката која трчаше со волците- Шерил Стрејд Крадци и проститутки- Рута Шепетис Сите до една се прекрасни книги, и топло ги препорачувам
Здраво читателки Ќе може ли да ми препорачате книга во стилот на Сенки од минатото - Лусинда Рајла. Откако ја прочитав оваа книга секоја наредна не ми е интересна. Ако имате предлог пишете.
Последната книга која ја читав и ми остави страшно добар впечаток со својата непредвидливост е Хипнотизер од Ларс Кеплер. Ако сте љубители на мрачни трилери со психолошки елементи нема да згрешите со книгава.
Здраво, јас не сакам да навлегувам во тешки книги. некој да ми препорача некој љубовна интересна книга ( може нешто слично како "перфектна хемија " или "една неодолива љубов"
Едни од книгите кои најјмногу ми се допаднаа се: Вероника реши да умре - Пауло Коелјо Чесни илузии - Нора Робертс Девојката што ја бркаше месечината Кодот на Да Винчи (омилена книга) Моќта на потсвеста Моќта на креативната интелегенција Заборави ги глупостите и чуствувај се прекрасно Човекот господар на своите мисли и чуства Во лов по Хари Винстон Девојчето на гребенот
Препорачајте ми книга некоја на англиски јазик? Сакам да купам подарок за пријател. Моментално ја чита - How the world works од Noam Chomsky. Незнам што книга да му земам
@koritsaki јас би ти ја препорачала книгата The last child од John Hart Мене многу ми се допадна, ја добив како подарок од мојот чичко во Америка.