Ееее,ја купив во Просвета во Охрид во 2009та, колку солзи разбуди книгава во мене. И некому ја позајмив, никогаш не ми ја вратија. Зелена корица, ја памтам убаво. Ја барам некое време но ја нема. И на саем пуштив абер да ја бараат но ништо. Ако налеташ на неа информирај ме
Обавезно, и ти мене го превртев Скопје, а сега замарам луѓе од странство ако налетаат да ми ја донесат..
Сакам да подарам книга на една пријателка па се мислам дали да ја земам Мирисот на небото Исидора Бјелица интересно ми звучи книгата, или да и земам нешто од Винка Саздова или пак Пауло Коелјо. Овие од Винка и од Коелјо ги видов у рамстор мол на саемот на попуст беа. Што е најдобар избор, според вас?
Последна книга што ја читав и што можам да кажам дека е најдобото нешто што сум го прочитала досега е ВКУСОТ НА ГРЕВОТ од ЗОРАНА ШУЛТЦ.. подобра книга нема .. препорака од мене... Исто така други книги омилени Рингишпил Убави девојки вистинскиот пд Џон Марс исто предобра..
Напишана тишина и Јас, Квентин Скриблер од Јосип Коцев. Топло би им ги препорачала на сите љубители на вистински квалитетна поезија што се расположени да се воодушеват од еден наш огромен талент.
Каде да ја купам книгава Вал Дим? Прочитав некаде дека е една од дваесетте најубави книги на сите времиња.Изабел Алјенде ја споредуваат и со Г.Г.Маркес. Би сакала да ја прочитам,посебно и дека тебе ти се допаднала,а вкусот за книги ни е сличен.
Нежна е ноќта- Ф. Скот Фитцџералд, многу добра можеби и една од неговите најдобри дела п.с се надевам дека нема да сум офтопик, на мојот блог имам направено листа препораки со книги за летото http://teona.mk/summer-reading-list/
Види го прикачениот фајл 311800 Орхидеја, не знам дали „Куќа на духовите“ ја има во МК. Мене ми ја позајми другарка, ја купила во Нови Сад. Инаку, навистина е прекрасна и се согласувам дека е една од најубавите книги