Да, јас ја имам прочитано едноставно прекрасна е. Книга што јас ви ја препорачувам е "Ќерката на мојата најдобра пријателка" од Дороти Кумсон
Ја имам купено пред извесно време ама уште не сум ја почнала да ја читам. А од Тарин Фишер чекам да ми стигне вториот дел на англиски се вика "Dirty red".Иначе Изгубени во љубовта ми е една од највпечатливи книги,штета што не се преведени на мекедонски сите три дела. Ако има некој македонски сајт што праќаат онлаин книги надвор од мк кој знае нека сподели
Што било да земете од Тес Геритсен нема да погрешите доколку читате трилери. Во името на предците и Двојничка ви ги препорачувам.
Јас пред две три години од scribd.com jа симнав крив правец 1 и 2. Јасна слика за земјата во која живееме,за сите јавни тајни. Негде читав дека Дитас лежел во затвор поради книгите..
Да и јас слушнав за тоа и дека книгите биле забранети во Македонија. Благодарам многу за информацијата, ги најдов ама неможам да ги симнам па ќе си ги читам онлајн. Фала ти уште еднаш!
https://media.bookbub.com/blog/2017/06/01/books-like-a-man-called-ove/?popupdelay=0 Еве едно шармантно списоче како за летово. Би ценела ако некој има некоја во електронска верзија да ја сподели.
Симни ги од торенти, повеќе би требало да ги има. После тоа многу лесно можеш со бесплатни tools да ги конвертираш во која форма сакаш. Eве ти за првата, одма најдов еден http://ebookmajorpettigrewslasts.bl...ettigrew-s-last-stand-ebook-pdf-free/30624855
Никогаш не ми текнало од торенти или сум заборавила. Ти си мојот просветител. Хај Хипстер, мило ми е што си тука.
Ја прочитав Бадем за еден ден на плажа, прво малку ненавикната да читам таков речник, но на крај сфатив дека супер ми го одмори мозокот. Е сега, бидејќи не знам ништо слично од литература, ако знаете препорачајте/прикачете. Благодарам
Сакав да ги прашам читателите на Карлос Руиз Зафон, треба да се читаат по некој ред книгите негови? Поврзани се некако?
Скоро сите негови книги ги имам прочитано. И колку што се сеќавам не ги читав по ред. Ти ги препорачувам сите книги бидејќи нема да зажалиш ако ги прочиташ. Зафон ми е еден од омилените писатели.
Ако ја читаш трилогијата - Гробиштата на заборавените книги, би било добро да одиш редоследно : - Сенка на ветрот - Играта на ангелот - Заточеник на небото и последно продолжение Лавиринт на духовите
Благодарам што постоиш од Јагода Ристеска, роман. Книгата е длабока, психолошка, а во исто време интересни ликови и приказни. Ја има и бесплатно на Македоника http://makedonika.mk