:y: Јас посебно ги препорачувам Twilight и New Moon, а моментално ја читам Еclipse, ама не е ништо посебно.
Раѓањето на Венера - Сара Дунант Интересна книга испреплетена со историски настани,емоции,љубовни моменти........потресна вистина.
напишана е во форма на личен дневник на 15 годишно девојче. Книгата е буквален детален опис на нејзините сексуални искуства и на грешките што ги прави... нема некоја литературна врденост, ништо особено. Запрепастувачки е амо тоа што она го прави на тие години. Мене не ми се допаѓа.
исто и моите најомилени книги јас ги прочитав Twilight,New Moon и сега ја читам Breaking Dаwn или Зазорување оваа последната книга ми е нај а третата ја имам на англиски ама не сум ја прочитала чекам на македонски да ја прочитам ама кога ќе излезе филмот од последнава книга ќе биде супер :
^ Зошто бе да чекаш на македонски да ја прочиташ? Прочитај ја на англиски. Преводите на македонски се катастрофа. А Еклипсот е предобар, го имам читано.
знам дека се катастрофа филмот го изгледав ама во книгата е подетално поубаво претсавено...почнав да ја читам на англиски,ама оти е на компјутер неможам многу да седам пред компј ме боли глава препорака за книга Пеперутка и Шмизла од Сашо Тасевски
Убави се и на англиски, најмногу поради тоа што се оригинал, ама помалку се нејасни, ми се имаат неколку другарки пожалено, а јас почнав, ама не ми е нешто најнај. Инаку моја препорака Петтото дете од Дорис Лесинг.
Ви Ја препорачувам Вештица од Венко Андоновски...преубава книга, и не ве остава рамнодушни доодека не ја дочитате.
Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едварад. Мене барем многу ми се допадна,ме остави без зорови.Иако темата не е нешто посебна,секојдневен живот,интересна е да се прочита.
Првата книга од серијата "Gossip Girl" http://www.sakamknigi.mk/index.php?...еш-дека-ме-сакаш-сесили-фон-зигисер&Itemid=70
Лесно и брзо се чита, вознемирувачка, морничава и застрашувачка книга се најдобрите зборови за да се опише. Полна е со пресврти, приказна од секојдневие.
Мои топ 5 книги: 1.ШОЉА ЧАЈ - Ејми Ефрон 2.ПОРАКА ВО ШИШЕ - Николас Спаркс 3.ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ - Пауло Коељо 4.ЧЕВЛИТЕ НА ДРУГАТА ЖЕНА - Адел Паркс 5.П.С. ТЕ САКАМ - Сесилија Ахерн
Исчезнат-Даниела Стил Убиство по азбука-Агата Крист Бакнеж во ноќта -Шерилин Кенион Лавиринт-Кејт Мос Сто потези со четка пред спиење-Мелиса.П.
Има некој да ми предложи добар роман од Достоевски? Го имам читано само Злосторство и казна од него, а навистина ми се чита нешто добро. И ве молам со предлогот кратка содржина за што се работи!
Жити се, што ви се допадна во Чевлите на другата жена . Ептен е напишана на низок стил, посебно од кога си наоѓа нова љубов-ужас, немам зборови Инаку и јас ви ги препорачувам сите книги од Шелдон и Теодор Драјзер и ве молам доколку некој чита класика- т.е. романи во стилот на Толстој, Балзак, Драјзер- нека ми препорача нешто. Не сакам комерцијално ѓубре. Од Достоевски ја имам читано само Злосторство и казна- која друга ќе ми ја препорачате? п.с. Кој не ја прочитал нека ја прочита Одвеано со виорот. Прекрасна книга Ако знаете дали се продава некаде филмот, пишете ми.
Како одговор на постот на Сесилија... Браќа Карамазови и Идиот - Достоевски Богат, сиромав од Ирвин Шо Мајка од Максим Горки Ана Каренина, Војна и Мир, Детство, Момчештво, Младост - Толстој Сајлас Марнер - Џорџ Елиот Злосторството на Лорд Артур Севил - Оскар Вајлд Менсфилд Парк - Џејн Остин Страдањата на младиот Вертер - Ј.В. Гете Големиот Гетсби - Ф. С. Фицџералд Библијата на отровната маслина - Барбара Кингсолвер - знам дека рече оти не сакаш комерцијална литература, ама книгава мене многу ми се допадна - само, ако имаш можност, најди ја во оригинал, не македонскиот превод Одмаздник - Едгар Валас Евгенија Гранде, Шагринска кожа - Балзак Степски Волк, Демијан, Среќен е оној што умее да сака - Херман Хесе Смрт во Венеција, Buddenbrook - Томас Ман Ако ми текне уште некоја книга, ќе пишам
Анат некои од книгиве ги имаме разработувано на училиште и можам да кажам дека се интересни. Инаку јас сакам да ве прашам дали знаете некоја страна на која можам да читам книги или да симнувам?Знам дека постои ваква тема но сите понудени и не се баш најдобри.Некоја што ја има целата книга и е со добар превод.Еве и на српски но сепак да е добар и разбирлив.