се друго од мураками хаха. „Норвешка Шума“ му е единствената книга со 100% реално дејство, а другите му се полни со мистицизам ако сакаш нешто такво. Инаку од овие што прашуваш „Чума“ и „One flew over the cuckoo's nest“ обавезно!
Мајсторот и маргарита, ремек дело на Михаил Булгаков Најдобрата книга што некоаш ми паднала во раце. Spoiler: :) Го имам првото издание на македонски јазик, издадено во 1970год.
Би требало да може. Доста популарна книга во последниве 2 години. Од издание на Арс ламина е. Те послушав
Ако сте љубители на детективски приказни или крими романи, како сакате, топло ја препорачувам "Оној што го уби змејот" од Леиф Г.В. Першон. Першон е шведски писател кој претходно работел како криминолог, па оттука е јасно и каков тип на книги пишува. Книгата е фикција која како централен лик го има полицискиот детектив Еверт Бекстром. Дејството се одвива во Стокхолм, па низ содржината може да се запознаете и со различните квартови, доселениците и односот на Швеѓаните кон нив. Инаку, се работи за крваво убиство кое се случува во една зграда, а жртвата е со сомнителна позадина. Детективот Бекстром е размрчен, дебел циник и шовинист, но има многу добри дедукциски вештини. Тој го иследува убиството, воведувајќи уште неколку "добри момци" кои ги испрашуваат сите станари. За тоа време се запознаваме со повеќето од станарите, од полицајците и луѓето кои се поврзани со жртвата. Она што ми се допадна е начинот на кој е напишана книгава - како да читате полициски извештај. Цело време нешто се случува, ликовите се добро разработени, неизвесноста ве следи до самиот крај. Ве тера цело време да се сомневате во сите ликови, а крајот е неочекуван. Нема промашај со шведски писатели. Патем, врз база на книгава е направена и серија, ама серијата (дали дека е американско дело, па не се доловува добро менталитетот на луѓето или е премногу адаптирана) воопшто не е ни приближно добра како книгата. Во секој случај, топло препорачувам.
@Lady Phoenix, ако ми веруваш, вчера ја завршив „Линда“. Одлична книга, забавна и неизвесна до самиот крај! Сега знам што ќе барам од Дедо Мраз за Нова Година Претпоставувам, книгава е исто издание на Култура? (Да му кажам каде да оди да ја бара) **** Едит: Да, Култура
Да, да. И уште една работа поради која ми се допадна книгата - може да ја читаат и машки и женски. Не е исклучиво женска лимонатка, туку е и нешто што би можело и на машко да му се допадне.
Случајно во една книжарница видов дека неколку книги имаат солидна цена од 200 денари =) Станува збор за книги од автори кои ми се непознати, можеби само по име. Нора Робертс - 2-3 од нејзе , а имаше и од една турска авторка: „Последниот воз за Истанбул“ и уште две други... Дали се добри книгите ?
За Нора Робертс можам да коментирам зашто сум работела барем една/две книги од неа. Изобилуваат со описи, а обично пишува чиклит, поточно љубовни романи проткаени со доза на трилер и мистерија. Ако си љубител на такви книги, јас ја работев "Скриени богатства", па ти ја препорачувам.
Препорака некоја за книга од каталогот на Сакам книги https://issuu.com/iki001/docs/cat_ny_2018 намалени се сега, ама од што ми се чита од се по нешто не знам што да изберам?
Дојдов да препорачам една книга која доста ми се допадна кога ја работев. (Ова испаѓа како самопромоција, ама ете, можете и на Интернет да си ја најдете, да не биде дека терам некого да ја купи ) Книгата се вика "Ако ја познаваше сестра ми", а авторката е Мишел Адамс. Инаку, мислам дека некаде прочитав дека книгава ќе си добие и филмска верзија, па се надевам дека добро ќе го изведат тоа. Приказната според содржината би ја окарактеризирала како нешто помеѓу семејна драма и психолошки трилер. Вака на прв поглед можеби делува како нешто неспоиво, но ќе се изненадите. Се работи за две сестри кои долго време не се виделе. Онаа која е понепривлечна и со физички недостаток живее со својата тетка, а другата - поуспешната и поубавата живее со татка си во семејната куќа. Поради смртен случај во тесниот круг на семејството, првава сестра на повик од другата доаѓа на погребот. Во меѓувреме почнуваат да се случуваат низа чудни и лоши настани. Крајот е прилично непредвидлив, а и во самата приказна има пресврти. Го задржува вниманието и во ниту еден момент не е здодевна, баш напротив. Морам да признаам дека кога ја читав многу се соживував со приказната и ликовите и напнатоста која се проткајуваше цело време. Повеќе не би откривала за да биде интересна и за другите кои имаат намера да ја прочитаат. Како и да е, топло ја препорачувам.
@Novecento Дај предложи ми 3-4 книги од ИЛИ-ИЛИ, ако не е проблем. Редно време е да почнам нивни изданија да читам.
Се` зависи што и како читаш. Имаш солидни наслови од македонскиов „нов бран“ млади писатели (Давор Стојановски, И. Станојовски, Пармаковска, Бужаровска, П. Андоновски). Што и да наидеш од овие нема да останеш разочарана. Од странско ако имаш среќа да најдеш на старо би ти ја препорачал Колекционер од Џон Фаулс, меѓу првите изданија е, а нема репринт да создадат, бар за сеа. Оваа сеа што ја читав Приказна за суштината на времето од Рут Озеки истотака може многу да ти се допадне. Малку надреално опишано со time-drift од сегашност во минато па пак назад, многу слично како кај филмовите на Нолан, со тематика слична пак на онаа кај Мураками. Од Рави Хаж има две книги издадено, (Лебарка и Играта на ДеНиро) така да, која и да ја земеш ќе ти прави мерак. Тука исто би можело да ја ставам и Црешовото дрво и старите чувства од М. Бодрожиќ ако си љубител на прикаски каде протагонистот паѓа во сентимент на старите времиња колку год да биле грди. Или пак Но-Уи од Лидија Димковска. Се зависи што бараш.
Не знам ни јас што барам, знам само дека сакам да почнам нивни изданија. До сега имам прочитано само 1, а тоа е "Играта на ДеНиро" и многу ми се допадна, така да, може да продолжам со "Лебарка". Фала на препораките!
Ајде предложете книга со позитивни вибрации... Во последно време сум за никаде, негативно расположена.. Ми треба некоја добра книга за подобрување на себе и сл. ПС: Да не е моќта на потсвеста и тајна.. Фалаа.
Мои фаворити: - Таму каде што припаѓаме од Емили Гифин - Заедно од Џоди Пико - Сеќавање на љубовта од Алисон Ричман - Овој живот од триесет и некоја од Џон Ренс - Кој тропа на прозорецот од Линвуд Баркли - Небезбедни куќи од Линвуд Баркли - Без збогување од Линвуд Баркли - Ученикот од Микел Хјорт Розенфелд Ханс - Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма - Незаборав од Алисон Ричман - Куќата на орхидеите од Лусинда Рајли - Последната пролет во Париз од Јелена Бачиќ Алимпиќ - Сенки од минатото од Лусинда Рајли - Полноќна роза од Лусинда Рајли - Девојчето на гребенот Лусинда Рајли - Ангелско дрво од Лусинда Рајли - Ќерки на судбината од Тара Хајланд - Ејми Сноу од Трејси Рис - Белата светлина во Париз од Тереза Ревај - Сите соништа на светот од Тереза Ревај Сите ми се на врвот, прекрасни книги. Сега ги купив - Вкусот на гревот од Зорана Шулц - Те нема никаде од Јелена Бачиќ Алимпиќ Ми ги препорачаа како многу добри книги па ќе видам
Ако не сте го читале, ви го препорачувам Донато Каризи, добри книги што не се оставаат додека не ги прочиташ посебно кога ќе дојдеш до делот кај што се расплеткува ситуацијата.