Ако не си ги читала Хипнотизер и Ѓаволот дојде по своето од Лаш Кеплер https://en.wikipedia.org/wiki/Lars_Kepler
Крими - Оној што го уби змејот и Линда од Лејф Першон Психолошки - Ако ја познаваше сестра ми од Мишел Адамс и Странецот во мојот дом од Адел Паркс.
“Шепнувачот“, “Владетел од сенка“, “Ловец на души“ сите овие се од Донато Каризи, добри психолошки трилери што никој не оставаат рамнодушен
Предлог добра книга за подарок најдобра пријателка ми е сакам да и подарам книга но неможам и незнам да се одлучам... Несакам да погрешам во изборот.... Мислење? ?
Каков тип на книги сака да чита пријателката? Специфицирај ако знаеш, па ќе предложиме некоја книга зашто вака да пишуваме предлози без да знаеме што она сака да чита...нема поента.
Ако е тоа жанрот на кој мислиш (книги за самопомагање, self esteem boosters), можеш да ја видиш Вортексот од Ана Бучевиќ, ако ја нема читано. Ја има во Антолог само не знам колку пари е. Целосниот наслов на книгата беше Во вортексот на остварените соништа мислам. Или книгата за airbnb како успешна сторија за еден бизнис, ја има во Три.
Приказната за airbnb, еве ја. Инаку издание на Арс Либрис била, не знаев, ми останало во сеќавање дека е од Три.
Нов сум и немам никаква идеја затоа се зачленив овде и ако можи да ми предложите книги кои можам да ги најдам во градските библиотеки најчитани некои што се но пред се романтични/љубовни благодарам
Па побарај некои од Сара Џио. Ги има низ сите библиотеки и моментално се актуелни и читани. Станува збор за такви некои лесни љубовни приказни испреплетени со historical fiction елементи. Види побарај ја Зима со мирис на капини или Темјанушки во март. Летни, лесни книги. Ништо посебно, но далеку од лошо или просечно. Убави се за читање. Или која било од Лусинда Рајли. И нејзините книги се такви.
Еве неколку баш какви што сакаш. Кога се заљубив - Миранда Дикинсон Првиот последен бакнеж - Али Харис На улица Даблин - Саманта Јанг Ана и францускиот бакнеж - Стефани Перкинс Бакнеж на полноќ - Елојза Џејмс
Ју Несбе е норвешки писател и можам да кажам еден од најдобрите за крими романи, од него ти ја препорачувам "Спасителот". Агата Кристи е пак кралица за крими романи и вреди да се прочита некое дело од неа, "Убиство на Нил" , " Убиство во Месопотамија " . Донато Каризи " Човекот од маглата" неверојатен роман, што ќе те остави во неизвестност се до крајот.
Моите омилени се:Точка на кулминација(трилер) и 9-ти ноември(романса) Исто така предобри трилери се и: Исчезната без трага,Фатални желби,Ејми ја нема,Преживеј за да раскажуваш,Никогаш не се знае.