Ај ве молам, препорачајте ми некоја добра тажна книга.. незнам зашто ама многу сакам книги што ќе ме растажат, што ќе ме потресат.
Oдамна се спремам да ја читам ама никако да ја начекам,ја имам читано од Георгиева Каменот од твојот ден.Прекрасна книга,со многу чуства и описи,писателката го опишува своето патување на Хималаите,едно прекрасно и незаборавно искуство.Мене ми остави голем впечаток книгата,кога ја читав се релаксирав.Ви ја препорачувам
ТРИ МЕСЕЦИ ЈА БАРААААААААМ! Никако не можам да ја најдам, и по книжарници и по тезги и по библиотеки и по се‘! Ама многу јасно дека ваква книга нема овде.. во Охрид... ај сеедно - туку некој да ми каже каде можам да ја купам во Скопје?
Ете, пак да се навратам на темава... минатиот пат заборавив да препорачам некои книги, ама сега се сетив и ќе ја дополнам мојата листа Се што може да најдете од А.Џ. Кронин: Ноќна Сестра Цитадела Јудино Дрво Дамата со Каранфили Патот на Шенон Замокот на Шеширџијата Ѕвездите Гледаат од Небото Песна вредна 6 пени Северна Светлост Сите овие книги и многу други од Кронин ги имам прочитано на српски, и мислам дека по библиотекиве ги има баш српските изданија - а ова се пред се животни приказни, можеби по некој љубовен роман, ама лесни и убави за читање, барем за лето, но ги препорачувам во текот на целата година. Освен Кронин, го препорачувам и А. Моравија - Римјанка, Чочара, Римски приказни, Презир, Брачни води, Рамнодушност. Тука мора да го спомнам и Доктор Живаго од Борис Пастернак. Преубава книга, исто како и филмот.
сега ја прочитав * ЗАТОА ШТО ТЕ ЉУБАМ* Неможев да заспијам пред да ја прочитам, се чита во еден здив и замислува... :up: :up:
Прочитав некој имаше пишано некоја книга за моќта на мислите јас би ви ја препорачала - Тајната - исто така многу убава книга за моќта на мислите и за тоа колку што повеќе мислиме и посакуваме нешто самото ке си дојди, само неможам да се сетам од која авторка беше, исто така убава книга е Дваесеттата сопруга - прв дел Празникот на розите - втор дел од Инду Сундаресан се , мн убава љубовна приказна.
Да сите ги имам прочитано... Тајната е некако психолошка,а Дваесетата сопруга и Празникот на розите се прекрасни книги....Посебно втората!
Јас ви ј апрепорачувам “Девојките од Ријад“. Ќе им се допадне на сите што саккат модерна литература и на сите кои ги интересира нешто повеќе за исламските обичаи, животот и љубовта...
Абе нема некоја уметничка вредност, ама приказната е многу добра.. Ке ја прочиташ во еден ден ти гарантирам Не те остава да прекинеш да читаш.
Катедрала на морето од Илдефонсо Фалконес.Книга која плени и не ве остава рамнодушни.Фантастична приказна за градењето на една катедрала,за животот на Арнау-главниот лик во книгата зачината со сплетки,предавство и одмазда,страст,љубов и пријателство.
"Невеста во Борџии" , Џин Калогридис, се чита во еден здив, прекрасна љубовен роман, за случувањата во Ватикан
Да,убава е.И јас ја имам прочитано и плус уште 3-4 од Аманда Квик кои се доста слични(витез спасува госпоѓица,прво се мразат,па се засакуваат,бла,бла)и изобилуваат со секси сцени