The Perfect Stranger - Megan Miranda The Last Mrs. Parrish - Liv Constantine На раб на лудило од Б.А. Парис
Добронамерници, итно ми треба нешто за лечење на литературен запек. Лесно, спокојно и мирно. Имам две што ми чекаат за читање, ама не мо жам! Душевен мир - Ахнед Хамди Танпинар и Алчност - Елфриде Јелинек, ама ни треба пред нив нешто симпл, изи и калм. @RainBow хелп! Сподели нешто, ти верувам на изборот.
Дали си ја читала Eleanor Oliphant Is Completely Fine? Одлична е, емотивна, на моменти и тажна, но Еленор е многу интересен лик. Good luck with that од Kristan Higgins е исто одлична, површно гледано станува збор за три девојки кои имаат проблем со тежината од секогаш, но подлабоко станува збор за многу поголема битка, колку и клише да звучи. Кристан Хигинс има некоја посебна топлина во пишувањето, па ти препорачувам да ја ѕирнеш.
Девојки, препорачајте трилери, по можност преведени на македонски, со хероина и игра на мачка и глушец. Не откривајте премногу...
Што било од Зафон, особено Марина или нешто од серијалот Гробницата на заборавените книги. Не знам што читаш најчесто, но кога ќе се спомне Матица, Зафон прв ми паѓа на памет. Од уште покомерцијалните, види ја Бунтовна кралица од Мишел Моран, или двете книги од Пам Џеноф.
Од страна на лесночитлива филозофија, топло би ви ги препорачал „За гневот“ од Лукиј Анај Сенека (смирувачка книга, особено ако сте избувлива личност), потоа „За краткоста на животот“ - исто од Сенека. А што се однесува до романи, ја препорачувам „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ, „Американска трагедија“ од Тедор Драјзер, „Сенка на ветрот“ од Карлос Руиз Зафон, „Луѓе и ветрови“ од Јане Велјановски, „Драми“ на Кочо Урдин ..
Па да, дефинитивно е работа на вкус, има работи кои не баш најлогични, има да речеме switch-ovi доста од време во време, но ми се допаѓа начинот на кој што е напишана, некако самата писателка те тера да влезеш во приказната, незнам, мене на многу наврати ме наежи книгата и не ми дозволи да ја спуштам додека не ја дочитав. Има доста неизвесност има многу емоции.
The Butterfly Garden -Dot Hutchison, интересен трилер, малку поразличен од последните трилери што ги читав. По стилот на читање можам да и ја препорачам на @CameliaMiller, ако ја нема читано, мислам ќе и се допадне.
Дали некоја од вај ја читала книгата "Играта на филозофот" од Стив Јовановски и каков впечаток ви остави?