Препорачајте ми љубовна драма која има баш дијалози и може да се изведе на сцена, ми треба за претстава, сите предлози се добредојдени.
Би сакала да ми препорачате неколку добри романтични комедии, со лесен и разбирлив стил за читање. Слични на Софи Кинсела- Го имам твојот број и Знаеш ли да чуваш тајна. Пс. Да не бидат поврзани со новинарство
Повеќето од Александра Потер се такви. На пример "Внимавај што посакуваш", прва ми паѓа на памет како многу слична на Софи Кинсела. Исто од Кристи Гринвуд "Старомодниот водич за љубов и романса". Сите од Лиса Гарднер. Ако сакаш повеќе психолошки трилери, тогаш препорака за "Немата пациентка" од Алекс Мајклидис.
здраво, дали некој знае каде можам да ја најдам "моја затворска исповест" од оливера цирковиќ? на нет неможам да ја најдам за да ја порачам. ве молам ако некој знае хитно ми е
Препорака за книги од модерни македонски автори? Нешто што ви се допаднало, што вреди да се прочита, што треба да се има во домашната библиотека.
Одбројување на Фросина Пармаковска, Резервен живот од Лидија Димковска. Би ти ги препорачала и трите на Петар Андоновски - Очи со боја на чевли, Телото во кое треба да се живее и Страв од варвари. Многу им ги сакам расказите на Бужаровска и Ќорверзироска, особено Улиците што ги нема. Spoiler: Улиците што ги нема https://prizma.mk/tag/ulitsite-shto-gi-nema/ Не знам зошто досега не сум им дала шанса на Давор Стојановски и на Игор Станојоски. Кога ќе се ослободам од обврски ќе ја земам Собирачи на пепел.
А може ли да ми дадеш инфо каде да ги најдам? Знам дека повеќето ги има во Или - Или и Антолог, ама сакам да најдам сè на едно место.
Со исклучок на Гаргара и Диссомнии на Станојоски кои се од Антолог, останатите се издадени од Или - или. Би требало да се наоѓаат во секоја подобро снабдена книжарница (се сеќавам дека сум ги гледала во Три, Икона, Литература..), ама јас би одела со сигурна варијанта - директно во Или - или. Имаат добар избор на книги и од другите издавачки куќи вклучувајќи ги и Антолог. Претпоставувам ги има сите и на kupikniga.mk
Фала за информациите. Гледав на купи книга, ама не можам да пребарувам како што сакам. Ќе одам директно во Или-Или.
Јас последниов месец ги прочитав од Ајше Кулин: Надеж прв и втор дел, Збогум, Живот, Последниот воз за Истанбул, Севдалинка, Нејзиното име Ајлин. Книги кои се навистина многу убави и вредат да се прочитаат ги издава Топер. П.С да не ја има некој Чест од Елиф Шафак?
Нешто од Весна Дедич имате ли читано, какви и се романите има ли интересни, нешто да препорачате од неа?
Ако сакаш тажни љубовни побарај нешто од Кристин Хана, но ако си за некоја интересна побарај нешто од Џули Џејмс или Сузан Елизабет Филипс. Се надевам дека ќе ти се допадне некоја .
Книгата ја имаше во книжарницата на Литература.мк. Може и телефонски да ги контактираш дали се уште има во продажба од примероците.