Мене книги што ми оставиле најмногу впечаток, и што секому ги препорачувам се трите книги од Халед Хосеини: - Ловец на змејови - Илјада неверојатни сонца - И планините одекнаа. Штета што ги има издадено само овие три книги и не пишува повеке.
Јас би ги препорачала: - ‘‘Дете 44‘‘ - Том Роб Смит - ‘‘Славејот‘‘- Кристин Хана - ‘‘Шепнувачот‘‘ - Донато Каризи - ‘‘Ова завршува со нас‘‘ - Колин Хувер - ‘‘Никаде без ќерка ми‘‘ - Бети Махмуди
The life list од Lori Nelson Spielman е слична, ама стилот на пишување е малку поразличен од тој на Линдзи Келк. „Ќе има друг ден“, така некако беше насловот на нашето издание. А ако сакаш некои такви witty chick flick книги, тогаш погледни ги: Jenny Lopez has a bad week (Lindsey Kelk) Sex lessons (Daniel Grant) Heaven can wait (Cally Taylor) The vintage guide to love and romance (Kristy Greenwood) Сите овие се преведени кај нас, изданија на Сакам Книги. Во Култура имаш повеќе такви книги од Александра Потер, нешто слично по жанр како Линдзи и авториве од предлозите.
Перфектна хемија од Симон Елкелс, Софи и Картер (не ми текнува како се викаше авторот). Пиши што имаш читано, ќе дадеме уште предлози.
Таа е на листата на книги кои би сакала да ги прочитам во иднина *Мојот не баш совршен живот од Кинсела *П. С. Ми се допаѓаш *Список за душа *Се, баш се(не им ги знам на книгиве писателите) Овие ги имам прочитано, па сакам и да продолжам да читам нешто слично
Ќерката на дрвосечачот - Наде Стојилковиќ Лузни - Јасмина Димитрова Немата пациентка - Алекс Мајкдилис Дете 44 - Том Роб Смит
Ќерката на дрвосечачот ја прочитав прва летово. Навистина прекрасна книга која на еден убав начин ја има прикажано суровоста на животот и судбината на една девојка од најмала возраст додека да прерасне во возрасна личност. Нејзината болка, тага и издржливоста се претставени прекрасно, што ќе ве натераат и да заплачете. Ви ја препорачувам на сите бидејќи е инзвонредна.
Епа ќе ти се допадне „Софи и Картер“ 100%, многу убава книгичка е. Исто за тинејџери убава е и „Синдер&Eла“ од Кели Орам. Од Колин Хувер „Само пријатели“ е исто мнооогу убава книга, а од истава авторка можеш да ја погледнеш и „9-ти ноември.“ Реинбоу Ровел има многу убави книги какви што бараш. Мене Fangirl ми беше многу интересна, ама кај нас преведена е само „Еленор и Парк“, па ете види ја и неа.
Фалааа ти стваарнннооо. И така не поминува ден а да не прочитам бар една страница. Да ја прочитам Знаеш ли да чуваш тајна од Кинсела па ќе земам некоја од овие
Топло ви го препорачувам Паоло Коељо, голем фан сум на начинот на неговото пишување. Цел ми е да ги прочитам сите негови книги па ќе видиме