Девојката на командантот - Пам Џеноф Изгубените девојки во Париз - Пам Џеноф Крвна врска - Сидни Шелдон Една необична љубов - Џули Џејмс .
Обично оваа тема ја избегбувам, споделувам слики во другата - моментално читам, што сметам е доволна препорака од мене, но ќе направам исклучок и ќе ја препорачам и овде оваа која моментално ја читам - "Последната пролет во Париз" - Јелена Бачиќ Алимпиќ. Гледам доста ја препорачуваат авторкава а оваа ми е прва нејзина. Сега ми е јасно зошто морав да фаќам врски во библиотека за да ја набавам.
Препорака за книги за госпоѓици што мислат дека рандом форумски ликови им се криви за тоа што не можат да свршат: The body never lies: the lingering effects of hurtful parenting - Allice Miller Women's Bodies, Women's Wisdom - Christiane Northrup M.D. Ги имам, ако некој ги сака, во ЛП
Здраво, ајде предлог за некоја добра книга. Ми треба за поклон на братучетката полни 18 години и обожава книги. По можност некоја што е љубовна
За таа возраст, јас би поклонила нешто од Колин Хувер. Која и да и ја купиш, нема да погрешиш. Книгите се со љубовна тематика и лесни за читање. Еве некои кои мене ми се читани: "Ова завршува со нас", "Можеби некогаш", "8 Ноември" и сл. Добри се и од Јелена Бачиђ Алемпић и од Лусинда Рајли, но за 18 години, сметам дека Колин Хувер е најдобар избор.
Има и подобри. Типична книга од македонски автор. Но, на повисоко ниво од Лајна Грејс, Драган кукле Таневски и Жива меѓу мртвите и слични такви глупости. Интересна е Гол човек, само не е нешто уау. И да не пишува дека автор е Игор ќе познаеш.
Сите негови книги се пишани во ист шаблон, со иста тематика - неговиот „напатен“ живот. Кога прв пат му ја читав „Прирачник за анти-анти алкохоличари беше интересен, бидејќи беше нешто ново а блиско. После тоа, со „Гол човек“ веќе се осеќаа доста репетитивни сцени, иако за второво пишува повеќе за неговиот втор порок - коцкањето. Со „Мјаукедонија“ решив веќе да не одам понатаму. Истрошена роба.
Препорачувам „Илјада деветстотини осумдесeт и четврта“ од Џорџ Орвел/Nineteen eighty-four by George Orwell.
За љубителите на трилери, Хириргот - Тес Геритсен, интересна, возбудлива, прва од серијал. Фати ме - Лиса Гарднер, психолошки трилер со приказна која тече возбудливо и напнато до самиот крај. Лесна и релакс книга, која буди емоции, емпатија, воздишки а богами и солзи - Онаа ноќ во Њујорк - Лорен Лејн