Шепнувачот ми е читана и е можеби еден од најдобрите трилери последно прочитани, знам дека се сериал но другите не ми се читани. Исто Ловец на души, Господар на злото и Господар на сенките. А исто одличен трилер е и Заговорот Моцарт сигурно ќе му се допадне маж ми моментално го чита и е под импресии.
Најновата, Тајниот живот на писателите. Ништо посебно не е, ништо што е невидено досега, ама фина е. Потсеќа на постарите "култни" негови книги.
Само што ја прочитав Колекционер на очи и се чита во еден здив. Само што помислив што би се случило следно, се случува нешто сосема друго. Никогаш не можеш да предвиди што те очекува на следната страница и читаш без престан. Се што останува од Патриша Корнвел, е исто трилер, мистерија, сериски убиства, психологија, возбуда и исчекување до крај. Двете ти ги препорачувам.
Што мислите за Крадачката на книги?? Ја порачав пред некој ден,многу добри работи сум слушнала,иако не е нова книгава.Едвај чекам да стигне
Сите му се ок, мада мене до сеа (а сите му ги имам прочитано) највеќе впечаток ми оставија Тајниот живот на писателите и Девојката од хартија
Многу е убава, мене ми е една од омилените книги. Начинот на раскажување е многу специфичен затоа што нараторот е...нема да откријам кој, ќе видиш сама.
Моментално ја читам од Каризи - Ловец на души- за сега ја препорачувам Други трилери Терапија- Себастијан Фицек Убави девојки- Карин СЛотер Скриена во најмрачниот агол- Елизабет Хејмс Од последниве две уште ми маваат сцени ... Дете 44- Том Роб Смит Сите погоренаведени се добар избор , според мене за љубителите на трилери. За релаксација и забава Софија Кинсела, на пример со Го имам твојот број.
Некоја книга која ја има на страната http://matica.com.mk/ да препорачате? Се читам а баш и не знам што би купила. Или ако има подобри книги на друга страна, слободно споделете.
Ги немам сите прочитано, но мислам и други ќе се согласат дека книгите на Тес Геритсен, Карлос Руиз Зафон и Линквуд Баркли се секогаш добар избор. Ретко на некој да не му се допаднат, баш ти го задржуваат вниманието едит: Ја има и Заговорот Моцарт од Скот Маријани, и таа ми е доста убава, али има прв дел, не се многу поврзани, истиот карактер е али се вика Формулата на Алхемичарот. едит2: И Седумте сестри од Лусинда Рајли, многу ми ја имаат фалено и сакам да ја читам, можеш да видиш дали е нешто што би те интересирало.
Од матица земи ги ,,Првиот допир” и ,,Последниот бакнеж” од Лорелин Пејџ. Приказната почнува во првата книга и продолжува во втората. Се читаат во еден здив и е нешто што ќе ти остави огромен впечаток.
Зависи каков тип на книги сакаш. Доколку си за за љубовни, од овие шо ги видов овде, Последната пролет во Париз од Јелена е преубава книга, ептен, многу посебна книга ми е мене и Писмото на госпоѓа Вилма од Јелена исто е добра, Другиот брег на Босфор- Тереза Тевај. А доколку си за трилер, да те држи во неизвесност до крај, Каризи, Тес, Баркли нема да згрешиш која да ја земиш. Сега од Тес овде ја видов Хирургот, друга не гледам и Двојничка од неа е многу убава. Од Зафон се исто трилери, ама него најчесто книгите му се поврзани. Сенка од Лаш Кеплер, ја фалат дека е многу добра. Ја нема читано јас ама сум во план да ја земам.
Новата од Трејси Шевалие, „Нишка“, ако сакаш историска фикција. Од истиот жанр, која било од Халед Хосеини. Него сите книги му се одлични, би ја издвоила „Илјада неверојатни сонца.“ Од љубовните, мене преубава ми беше „Оправдана љубов“ од Френсин Риверс. Трилерите на Тес се интересни, исто „Заговорот Моцарт“ од Скот Маријани, но мој предлог е најновата „Лузна“ од Хуан Гомез Хурадо. Ја читам во моментот, добра е, ептен ми се допаѓа.
Здраво, не знам дали си почнала со читање, меѓутоа ако не си, ти ја препорачувам. Јас сум при крај, и ме поттикна да размислувам оптимистично. Па пиши како ти се допаѓа
Неколку пати порачувам од Матица, сега ги порачав од Халед Хосеини, намалени се по 290 е една. И баш денес ми се јави вработената да ми ја препорача Мапирање на сол и ѕвезди, не запамтив автор, ама рече прекрасна е. Нареден пат ја порачувам таа.
Еве ја книгата, 390 е моментално на попуст. Ја има некој читано? Наредно таа и Нишка- Шевалие ги порачувам. Дури траат попустите и бесплатната достава.
Ми требаат предлози за добри модерни романси. Во стилот на Џyли Џејмс, С.Е. Филипс и сл. Напомена: Сите модерни романси од Сакам Книги ми се прочитани, па ако може од др. издавачки куќи. Благодарам однапред.