Барам една книга што ја има прочитано одамна ама не се сеќавам на насловот. Мислам дека е македонска, се работеше за книга пишувана од страна на девојка која е проститутка, па се вовлекува во проблем со политичари, убиства и сл. Ако некој ја знае, нека ми го каже само името
Сите од Софи Кинсела и Александра Потер,ако бараш лесни и брзочитливи романси кои ќе те расположат. Романси со подлабока и посериозна приказна пишуваат Колин Хувер и Кристин Хана.Можеби ти се читани,можеби не,се надевам дека ти помогнав.
Прочитани ми се сите, ама сепак ти благодарам на предлозите!! ако знаеш слични волку добри од други издравачки куќи те молам сподели
Не би рекла дека се добри, ама може да бидат она што бараш - книгите на Елизабет Адлер, изданија на Култура. Ама се со ужасен, лош превод, и лоша транскрипција на странските називи. Ако тоа не ти е проблем, секако, може да ги читаш.
Гледам многу ја форсираат книгава ,,Совршено дете” од Лусинда Бери по социјалниве мрежи, а прочитав доста негативни критики по странскиве страни. Скоро сите даваат лоши reviews и ratings. Некој што ја има прочитано да даде коментар? Тенкс
Некој да ја има прочитано книгата Икигаи? Добра ли е? Моја препорака за книги: Зад затворени врати, Двојката од соседсвото, Без оправдување
Ихх,книгава е закоон!!!!Многу поучна и интересна приказна.Не можев да ја оставам од раце.Според мене мораш да ја прочиташ
Сум ја заборавила книгата, ама се сеќавам дека многу добар впечаток ми остави, пак би ја читала, да се потсетам..
Ке ви ја препорачам Моќта на потсвеста а нема да ви ја препорачам Белег од минатото од македонска писателка ја читав на нет, ужас поголем ужас немам читано како сестрами од 8 години да ја има пишувано, ни епитети, интерпукциски знаци, кратки глави, 36 страни? Ми личе на ова.. Бев на училиште си купив јаболко го изедов супер си поминав си дојдов дома и учев и потоа завршив училиште, дефинитивно прости реченици како е објавена незнам, ми личе на подолг расказ за 3 одд
Нешто лесно, ама не премногу лесно. Нешто живописно, а едноставно? Исзнасимнував многу книги, но ниедна не е таква. Ми треба нешто ама баш спокојно за читање.
Една од првите мои прочитани книги е оваа: И, чим се' уште ја памтам содржината, значи вредела да се прочита. Интересна, лесна и приказна што би можела секоја од нас да не' снајде. Не е напета, ама држи внимание
Јас сум љубител на трилер, мистерии, чик-лит, романси.. Па ќе ви препорачам по мој вкус што последно ми оставило впечаток Ќерката на мојата најдобра другарка ( brace yourself, и земи си палома, јас и плачев и се смеев додека ја читав книгата ) Девојката од возот ( многу добар неочекуван крај ) Фати ме - Лиса Гарднер ( многу напната книга! Се чита за еден ден! )