Ја читам Пурпурен хибискус од Чимаманда Н. Адичи и ви препорачувам да ја прочитате, сигурно ќе ви се допадне
^ „Марта“ од Горјан Петревски, како и „Снеговите на Климентина Евин“, „Исти очи“, „Споменка“... скоро сите негови книги се прекрасни. Марта е исклучителна.
Мене многу ми се допаднаа Чекори за секавање еј плачев кога ја читав од Николас Спаркс и Вракање дома од Даниела Стил. А во претходните постови цитав за книгите на Дитас имам неколку негови прочитано и тоа Децата на гаволот, Крив правец и Верска војна интересни книги ноне се препорачливи за секој а инаку сега ја читам Принцезата Султана од Џин Сасон добра книга а ја имам ЧИтано Керките на Принцезата Султана и ми остана уште да ја прочитам Кругот (прстенот) на Принцезата Султана а дали некој ја има прочитано и како ви се допадна??? поззз
Мартин Идн од Џек Лондон....се зборува за сиромашен човек кој ќе се вљуби во богата девојка и таа во него...потоа тој ќе стане богат....многу е интересен.... Злосторства и казни....оваа е малку психолошка книга за човек кој убил една жена.....Мене првата повеќе ми се допаѓа...позз
*Илјада неверојатни сонца-Калед Хосеини.Една од најубавите книги кои ги имам прочитано,топло ја препорачувам. *Сенка на ветрот-К.Р.Зафон.Би ја прочитала уште 3 пати. *Вероника реши да умре,Захир,Единаесет минути-Пауло Коелјо. *Мојата преубава шпионка-Колин Фалконер.
Сите делови на Џеклин Вилсон од серијалот " Вљубени Девојки " , Малата Принцеза , Оскар и госпоѓата со розов мантил ( комедија е ) mwa mwa mwa
Значи трилогијата за Принцезата Султана топло ја препорачувам, нема да те разочара и третата книга значи ако веќе си ги прочитала предходните третата се надоврзува со истиот жар и стил. За оние што сакаат готика и мистерија им ги препорачуват книгите на Карлос Руис Сафон Сенка на Играта на ангелот, Сенка на ветрот и Марина
И јас ги препорачувам горенаведените,од Децата на ѓаволот почна да ми се гади кога ја читав,ама многу е добра.Од Карлос Р. Зафон сум воодушевена...Принцезата Султана ја имам на англиски и никако да ја почнам...
Принцезата Султана- Џин сасон (три дела) книгата е преубава, после добро познатата Јади, моли се, уживај. Можда е смешно ама ги имам прочитано сите делови за Хари Потер, и тоа по неколку пати хаха едноставно ги обожавам книгите. Исто сите 4 дела од Twilight- ова е дефинитивно мојата омилена книга. Девојката од Багдад, Која е таа девојка, ESTHER I JERKY HICKS- закон на привлекувањето- мислам дека спрема оваа имаше неколку емисии на Опра, а јас истата топло ви ја препорачувам Последната конкубина, Секој што е некој- Лорин Вајсберг, Никаде без ќерка ми-Бети махмуди, калуѓерот што го продаде своето ферари-Робин Шарма.... сега за сега само на тие ми текнува.
последна што ја прочитав беше сагата Twilight мене лично многу ми се допадна. На крајот на виножитото е многу добра книга. Мелина врати се - македонска приказна за бегалците од егејска македонија...навистина тазна приказна со многу конфузен заплет...
Хммм, гуглов ми најде од некојси Дејвид, таа да не е? Не сум чула за книгава, ама ако ти текне пиши те молам ми лав гуд букс!
Последниот чај од Винка Саздова, Вештица од Андоновски е исто така добра, Ќерката на Магда, Девојката на командантот, Заедно од Џоди Пико е интересна, книгите на Шелдон се добри ...
Се извинувам за пост под пост, ама морам да искоментирам, книгава е прекрасна во исто време трогателна, сум ја заборавила на списокот! Прочитајте ја, има премногу тишина во неа која толку многу кажува. Исполнета со толку емотивни а во исто време и ужасни ситуации. Животот на едно сосема поразлично семејство од нашето.