Како одат по ред од Баркли книгите? Дали се читаат засебно или мора по ред? Ги имам Неисполнето ветување и Далеку од вистината.
Јас пред да земам да ја читам, наидов на поделени мислења и ниту еден момент не се каам што ја прочитав.Мене ми се допадна многу, неизвесност до сам крај. Топло ти ја препорачувам.
Девојки препорачајте ми книга која е сличен стил како оние на Хувер (9ти ноември, исповеди и сл)... Или некои такви интересни љубовни, со среќен крај. Ми треба нешто да ме орасположи
Кралство од соништата-Џудит Мекнот Знаеш ли да чуваш тајна-Софи Кинсела Го имаш мојот број-Софи Кинсела Онаа ноќ во Њујорк-Лорен Лејн Ти не знаеш да сакаш-Сузан Елизабет Филипс Сите прочитани и прекрасни.Се надевам дека не ти се прочитани,а ако случајно ги имаш пиши имам уште предлози
Здраво дечки Ми требаат предлози на добри книги,некои кои што сте ги прочитале и засекогаш ќе ги паметите.Најчесто читам романса/драма и трилери,но прифаќам и предлози од други жанрови.На што друго ќе ја потрошам домашната платежна картичка ако не на книги?
Провери од Лаш Кеплер кои книги се кај нас преведени. Терапија и Немата пациентка мене ми се меѓу подобрите психолошки трилери што ги имам прочитано периодов. Мене ми треба предлог книга за подарок драма или чик литература. Да не биде само трагедија, тажна приказна.
Од Колин Хувер можеш некоја. Романса, драма, чик-литература микс се нејзините. Сите твои совршености, Сурова љубов и Ова завршува со нас ми се омилени од неа. Можеш и некоја од Гијом Мисо или Софи Кинсела доколу чита такви, гледам доста ги читаат иако мене лично не ми се свиѓаат нивните книги. Од Фицек се добри сите, можеш и од Парис - Зад затворени врати, Врати ме. Исто би ја препорачала Алекс ( не се сеќавам на авторот), Дете 44 од Смит, Марина од Зафон... од Каризи исто можеш, мене ми се добри но ме преморуваат описите искрено Ова за трилери, мистерии. А од романси сите на Колин Хувер, особено трите кои и ги предложив на Ани.
@annii Феноменална драма а и солиден превод https://www.iliili.com.mk/knigi/17.php Враќање дома-- - Б.Шлинк
Книгите на Миранда Дикинсон,Колин Хувер, Гијом Мисо, Ју Несбе сите ги препорачувам.Исто добри книги што ми оставија впечаток и би ти ги препорачала Дисомнии од Игор Станојкоски,13 минути од Сара Пинборо,Се што никогаш не ти кажав од Селест Инг, Подмолна убавина од Ребека Џејмс,Мрачни места од Џилијан Флин,Во одбрана на Џејкоб од Вилијам Лендеј..Од романси интересни се Најубавото место на светот е тука од Франсеск Миралјес и Каре Сантос, Јас и ти од Ана Стојаноска, Шангај бејби од Веј Хуј..
Офф топик ама не знаев кај да го поставам прашањето. Кај можам да најдам повеќе класици на едно место? Барав онлајн по сите издавачки куќи што ги знам но има по ептен малце, дали не им се сите прикажани или стварно толку малку имаме..не знам. Воглавно ме интересира најмногу Руски класици.