Што мислите за ,,Жив Мртовец'' од Шерон Болтон? Стигнав некаде до 150 страна и воопшто не ми остава некој добар впечаток. Немам некоја желба да ја дочитам. Is it just me?
Која книга би ми препорачале да ја прочитам од Себастијан Фицек..Пациентот или Пакетот? Ја прочитав Колекционер на очи и не ми остави некој впечаток, а Терапија е врв, одма ја прочитав.
Дефинитивно Пациентот мене ми е досегашен фаворит од него. Ми стана еден од поомилените автори, му ги прочитав и собрав сите книги во колекција. Се погоди да ги читам Пациентот па Пакетот една по друга и дефинитивно Пакетот ми беше некако мех во споредба со Пациентот. Сега сум во исчекување на најновата .
Мемоаρите на една гејша од Аρтуρ Голден Споρед κнигата има и филм κојшто го немам гледано до κρај а, κнигата е бааги големκа и ви ја пρепоρачувам да ја пρочитате... за да си поρазговаρаме подоцна на таа тема.
Фицек нема промашај, еден од омилените писатели ми е. Која и да ја прочиташ од овие две нема да утнеш. Мада кога би бирала нека биде Пакетот.
Се обидов да им дадам шанса на Сапиенс и Хомо Деус повеќе пати, на сите можни јазици кои ги знам. Не ми идеа ич. Турни ме да кинисам. Не знам дали е до мене или до книгите.
Да не ги имаш случајно во пдф верзија, колку онака да ги погледам, да знам дали да ги купувам? Може и на Англиски, Српски, Хрватски.
Во моментов не кај мене затоа што ги ставам на надворешен хард диск, а не е кај мене. Ги имаше на српски на balkandownload, а на англиски на 1lib.eu
https://1lib.eu/?regionChanged=&redirect=24580176 Побарај ги овде, мислам дека ги имам видено и двете.
Дали Баркли му здосади и на некој друг после прочитани 3-4 книги? На сила читам Инаку последно ја прочитав Двојничка од Тес Геритсен, и топло ја препорачувам!
А зошто форсираш автор што не ти се допаѓа? Ај да почнеш книга па да ја довршиш колку да не ја оставиш на пола, али со сила да му читаш книги на автор... за тоа време ќе прочиташ нешто интересно
Искрено и јас така некако се осеќам. Имам прочитано неколку негови книги, сега моментално ја читам (или подобро кажано ја влечам) "23" веќе со месеци. Што е полошо, земена ми е од библиотека и никако да ја вратам, не ми се остава на пола. Тес одамна мислам да ја почнам, знам дека серијалот го имаа постирано на форумов некаде.
Нешто сум ориентирана кон македонски автори во последно време. Ептен го бендисав Петар Андоновски, моментално ја читам Страв од варвари(пак, веќе пишав некаде за книгава). Топла препорака и за Тело во кое треба да се живее и Очи со боја на чевли, исто од Петар.