12 животни правила - Џордан Питерсон Трилери - Лиса Гарднер (Преживеј за да раскажуваш, Јас те сакам повеќе), Тес Геристен - Мраз студено
@Dream-Girl, „Книга за гробиштата“ Уникатна е, забавна, брзо и лесно се чита. Не мора читачот да е е не знам каков љубител на книги за да се вљуби во книгава. Се додека ја има во книжарница, оваа книга за мене ќе биде go-to подарок за сите кои знам дека сакаат книги. А богами и за оние кои не сакаат Ја имаш во Три http://www.kniga.mk/kniga-za-grobishtata.html
Јас му имам земено неколку од Себастијан Фицек, му се свиѓаа многу. „Пакетот“, „Пациентот“, „Душокршачот“ и „Колекционер на очи“, се ставрно врвни.
Ми треба мала помош Моќта на потсвеста каква книга е? Блиска личност има многу негативни мисли,и има депресија Секако разговарано со психијатар добра е стабилна пие и лекови но сепак може и некоја книга да и ги разбистри малку мислите Дали може некоја да ми препорачате и каде може да се купи?
Моќта на потсвеста е добра книга околу тоа, всушност одлична. Исто и книгите на Ронда Бирн, јас ги имам прочитано Тајна и Моќта и навистина супер, ги има Читај Книга.
Џејн Ејнр од Шарлот Бронте, Оркански височини и Гениј од Теодор Драјзер (огромна класика од 820 страници) Ама вреди. Тоа е најдобро нешто што сум го прочитал за оваа година
Здраво девојки, може ли да ми дадете предлог идеја за книга за дечко? Да не е некоја романтична само,инаку има 28 години
Еве на интернет ти најдов три текста за книгава, кои подобро ќе ти ја доловат книгата од мене. Инаку ја имам читано пред 2-3 години, навистина ми се допадна и ти ја препорачувам.
Што ми требаше да ја привршувам оваа година со Меша Селимовиќ Ах Меша, Меша... Првпат го читам овој писател и убаво кажаа - нема да останам цел. Разбиен на стотици делови. Тажна, трагична, длабока книга... Дали човек што се враќа од бојно поле може да функционира нормално во едно општество? Светот оди напред, општеството тече како река, а тој се труди да не се удави во надојдената вода. Но... кој после војната останал ист? Дали луѓето можат да го гледаат со ист поглед? Или можеби луѓето се смениле? Или не? Во оваа книга е совршено прикажана борбата на еден човек, повторно да биде прифатен во општеството, копнежот да биде љубен, да љуби. Но, дали тврдиот орев може да се скрши само со рака? Волк самотник, тажен борец со трагична судбина... ,,О, прекрасно време, кога бев пуштена стрела што леташе низ просториите. Врати се, време, да бидеш вечно горење, да не ги броиме загубите на победените полиња. Да не мислиме како добивме во се' што е наше заедничко, а изгубивме се' што е наше сопствено" ,,И стануваме деца, се маваме со топки, се бркаме, од разиграноста се вцрвува и се возбудува од мојата неприродна веселост. Нараквиците ги соблекува со забите за да и бидат рацете слободни за играње, така и ја пристигнувам, зазбивана, насмеана, ведро очекува да ми избега, а јас ја стегам во прегратка, со заби и ги растргам нараквиците од устата и застанувам сурово наднесен над неа затечена. Лесна е, и малечкава, десетпати е обвиткана од моите раце, беспомошна, со ништо не се брани, освен со очите" Тие што не го читале Меша Селимовиќ во животот, многу пропуштиле. Меша е длабок, филозофски, тежок, многу тежок за читање..