Здраво девојки. Каде може да ја најдам книгата "Tre metri sopra il cielo "? По можност нека е на италијански оригинално напишана но и ако е преведена нема врска битно ми е да ја прочитам. Подобар филм дефинитивно немам гледано. Секогаш му се враќам па решив да ја прочитам и книгата која исто била одлична
Кога го спомна Драјзер, Американска трагедија, ја имам на спрско-хрватски, исто огромно книгиште, прочитани пред 20 години, ама уште во сеќавање. Таква сликовитост, таква емоција, едноставно монументално дело. Ваков наратив не сум сретнала во поново време од ниту еден автор. Уникат.
Ќе ја обожаваш, предобра е. Да не знае некој 3тиот дел кај да го најдам? Мислам дека матица не го преведе ама па и неможам да најдам англиска онлајн верзија
https://1lib.eu/s/federico moccia Пробај овде... не видов на англиски, ама не ги ни знам насловите на книгите, ако ги знаеш, мислам дека може да ја има.
Врхунска книга. Јас ја имам таа читано, Финансиер, Титан, Гениј. Многу добар писател, еден од омилените ми е. Топло го препорачувам
Но, тешко да се најдат по нашиве книжари, не знам дека некоја издавачка куќа ги издава. Не ми е битно да се на македонски. Јас оваа ја имав од дедо ми, 1000 страни, тврда корица, Бог да го прости, на таван му ја најдоа со други стари книги ( и сите преквалитетни со стил на пишување кој проникнува во човечката душа во буквална смисла на зборот). Ако знаете некаде каде се продаваат не жалам ни денар. Must have!
Ако си од Скопје или имаш некој близок од Скопје, лесно ќе се снајдеш. Продавачите на плоштад, тие со книгите покрај кеј. Ги имаат цели томови (особено оно зелениот на македонски што е). А имаш уште еден том што не на српскохрватски (тој е кафеав) - Споредбено со зелениот том, недостасуваат само Стоик, Утро и Галерија на Жени
Предложете географска енциклопедија за повозрасни. Не мора да биде обемна, некои основни занимливости да има.
Прекрасна катастрофа од Џејми Мегваер е нешто во тој стил. Не баш иста со бдсм, но целиот концепт е тука некаде. Мислам дека беше издание на Три.
На комисијата за бранење дипломска, наместо пијалоци и слично би сакала да им подарам книга (не знам дали е добра идеја). Се двоумам за овие две бидејќи ми се поврзани со темата, но дали имате друг предлог? - Стоте највлијателни жени во историјата; - Becoming: Мојата приказна - Мишел Обама;
Preporacajte kniga sto ke me natera da ja procitam do kraj nekoja prikazna nekoja avtobiogravska nesto taka...