Sound Of My Voice Станува збор за еден пар кој по професија се режисери на документарни филмови и во име на истражувањето за нивниот нов филм, тие стануваат дел од секта во која лидерот е девојка која тврди дека е од иднината. Another Earth Во истата вечер кога јавноста дознава за откритието за нова планета која е идентична на Земјата, амбициозната студентка Рода прави сообраќајна несреќа во која загинуваат 5 годишно детенце и неговата трудна мајка, а преживува мажот кој по професија е композитор. Дејствието на филмот уште на самиот почеток веднаш преминува во наредните 4 години кога Рода искача од затвор и обземена од грижа на совест и тага, решава да го запознае човекот на кого му го уништи животот. Истовремено, се дознава дека на Другата Земја живеат луѓе меѓу кои има верзија од нас. Тука се поставува прашањето: дали на Другата Земја се случила истата сообраќајна несреќа?
Здраво .. можеби прашањето не е за овде, но дали би можеле да ми препорачате неколку филмови од жанрот мистерија .. нешто како .. со океани, мориња ,, ајкули.. друштво одат на одмор .. остануваат на сред океан ,, бараат излез...и тн. Фала ви.
еве да ти препорачам дечко и девојка одат на одмор и ќе се соочат со многу проблеми. Језив е малце и психо. http://www.imdb.com/title/tt1020530/
Може не ми е прашањето за овде али ќе може да ми препорачате некој психолошки трилер зачинет со мистерија?
Моја препорака е The Best Offer. Станува збор за познат аукционер кој се опседнува со мистериозна наследничка. Најтопло ви го препорачувам филмов. До самиот крај бев во неизвесност, буквално не очекуван е.
Дали некој го има гледано филмот Justice for Natalee Holloway, филмот е базиран по вистинска приказна за млада исчезната девојка ?
кога сме веќе кај шпанските мистерии,на the hidden face би ги додала,The body и The orphanage. прејаки филмчиња
Само што го изгледав The invisible guest (Contratiempo). Шпански е, со Марио Касас од Tres metros sobre el cielo. Подобар филм во живот немам гледано, ме воодушеви ептен.