Kiss the girls (1997), со Морган Фримен и Ешли Џад. Крајот и откривањето на убиецот ќе те остави со подзината уста, до толку е добар и непредвидлив филмот !
Lost Child многу добар и со 8 е оценет на Imbd Unknown до последно не можеш да откриеш за што станува збор
Ете членот над тебе има пишано : TRANCE (James MCAvoy), ако ги немаш гледано " Memento"(Guy Pearce, Carrie Ann Moss) и " The Prestige"(Hugh Jackman, Christian Bale), "Shutter Island" (Leonardo DiCaprio), "Wanted"(Angelina Jolie, Morgan Freeman) , "Survivor"( Milla Jovovich, Pierce Brosnan), "The Island" (Scarlet Johansson) "Eagle Eye " ( Michelle Monaghan, Shia LaBeouf), "In Time" ( Justin Timberlake, Amanda Seyfried ) "Time lapse" . Мислам дека се доста
И јас исто. 80% од животот го поминав во гледање филмови и серии, строго трилер, хорор, драма и мистерија. Ќе споделам неколку, можда ги имаш гледано, а и другите членки може ќе сакаат да ги ѕирнат. Последните неколку кои ми текнуваат. 01. Strange Darling (2023) Мачка-глушец трилер. Фокусот е ставен на последниот ден од убиствата на популарен сериски убиец. 7/10 02. Good Luck to You, Leo Grande (2022) Драма-Комедија. Пријатно филмче. Пензионирана професорка во својата хотелска соба пречекува млад, сексуален работник, решена да искуси работи кои ги нема доживеано. Разголен Daryl McCormack во главна улога. 8/10 03. Run (2020) Трилер/психолошка драма. Девојка во инвалидска количка живее навидум обичен живот со својата самохрана мајка. Сè се менува кога таа ќе ги открие мрачните тајни во нивното семејство. За мене лично предвидлив филм, али задржува внимание. 6/10 За вечер ми е предвиден Speak No Evil (2024), хорор, драма, трилер, 6,9 рејтинг на имдб, изгледа примамливо.