Дечки препорачајте добар филм психолошки/трилер/мистерија? Нешто во стилот на Primal Fear со Richard Gere, Edward Norton и Laura Linney. Btw ако не ви е гледан овој филм е ЛУДИЛО, 100/10. https://www.imdb.com/title/tt0117381/
Се согласувам целосно со тебе за филмот, и мене ми е еден од омилените од овој жанр Моја препорака до тебе за следниве филмови Se7en (1995) еден од најдобрите психолошки трилери на еден од најдобрите режисери Дејвид Финчер, со Бред Пит, Морган Фримен, Гвинет Палтроу и Кевин Спејси во главните улоги Zodiac (2007) Исто така во режија на маестралниот Дејвид Финчер Mistic River (2003) во режија на Клинт Иствуд, улогите во филмот ги толкуваат Шон Пен, Кевин Бејкон и Тим Робинс, еден од најдобрите филмови од овој жанр. Dead Man Walking одличен филм (тежок филм - емотивна приказна) во режија на Тим Робинс со маестрални улоги на Шон Пен и Сузан Сарандон.
О, овој е еден од најдобрите филмови кои ги гледав лани, поточно летоска, заедно со Frost/Nixon (2008 ) и Doubt (2008 ). Премногу ти благодарам што ми ги препорача. Па сивe три се донекаде трилери, нека одат и како мој предлог овде. Dead Man Walking е работен според вистинска приказна и зборува за смртната казна, многу интересна тема ми е таа секогаш; Frost/Nixon e биографско-историски, фокусот е интервјуто кое водителот Дејвид Фрост го направил со поранешниот американски претседател Ричард Никсон; Doubt e една кратка приказна од католичко училиште, со Мерил Стрип, Филип Сejмур Хофман, Ејми Адамс и Виола Дејвис. Не се распишав нашироко поради спојлери, филмовиве се кој од кој подобар и помоќен, не знам кој ми е поомилен. Спојлер Ќе ти се заблагодарам и за The Miracle Worker (1962)
Да, баш сега ќе го напишев овој што го додаде, трилер со сите нишани, не е баш како тие што ги спомнав погоре, ама јас за нив со месеци барав тема каде да ги препорачам. Го обожавам Мистична река, мислам дека му е најдобар на Клинт.
Гледај го Final Analysis (1992), слична улога игра Ричард Гир како во Primal Fear (1996), само тука покрај Ким Бесинџер и Ума Турман.
Ти благодараам на убавите зборови и многу ми е мило што ти се допаднаа филмовите кои ти ги препорачав Имаш префинет, рафиниран вкус за филмови и знаеш да препознаеш кој филм навистина вреди Вкусовите ни се слични скоро идентични кога се работи за филм, кога станува збор за нешто добро, нешто вредно - врвно кинематографско остварување, мислењата често ни се комплементарни и се наподопнуваат едно со друго. Се согласувам со листата на филмови како твоја препорака Кој од кој е подобар Точно, ја надополнив листата со Мистик Ривер, отпосле се сетив на него и морав да го напишам задолжително, без него оваа листа е некомплетна, еден од најдобрите филмови на Клинт ако не и најдобар