dead silence ми е на врв на листата.. ептен е баш хорор, и самата снимка го доловува ефектот. Препорачувам. И house of wax е еден од најдобрите. Овие два обавезно да ги гледате!
The Conjuring мислам дека најдобар ми е во последно време. Инаку хорорите станаа катастрофа, се едно исто и веќе неможат ни да те исплашат. Инаку штотуку изгледав еден Scarecrow - ама тапа беше. Мислам дека не остана хорор што го немам гледано.
Мене првиот Insidious 1 ми беше пострашен, вториот дел беше веќе видено нешто. Инаку интересен и добар филм е и The Uninvited Orphan Малку постари се, ама тоа е од поновите се што е излезено е за никаде.
Pet sematary(1989) хорор драма според мене многу добар филм и Village of the damned (1995) хорор трилер
Love Object, кој го нема гледано одма да го погледне. Не е нешто WOW страшен, но ме удри во психата. Без гадни сцени, без убиства и слични работи на тоа, а сепак беше страшен.
Двата ги гледав пред некој ден: The Conjuring е со духови,а You're Next е со убиства,па зависи кој како си сака.А иначе интересни се,не се лоши.. :up:
I'll spit on you're grave 2 дела и From Hell,а ако сакаш со духови I'll follow you into the dark е екстра.
I know what you did last summer и вториот дел I still know what you did last summer. Поретко гледам хорор филмови,но овие најмногу ми оставија впечаток.
Wolf creek Интересен филм, се случува во Австралија на место каде што со години многу луѓе исчезнуваат. Две млади девојки од Англија се на одмор во Австралија и овде запознаваат едно момче од Сиднеј. Па заедно тројцата одат да посетат едно место каде што паднал метеор, но не знаат дека всушност овде ги очекува нешто страшно. (овие денови ќе го гледам и вториот дел)
Wolf creek 2 Го изгледав и вториот дел лелеее масакар. Стварно покрвав е од првиот дел. Marick14 гледај ги и двата дела, добри се.
Денес на сител ќе го даваат The exorcism of Emily Rose, имам го гледано, но не цел, го препорачувам Во 22:20 e.