Јас на Mama на крајот плачев некако ми дојде жал, а не сум јас по плачењето, за првпат на филм заплакав. Dracula 1992 го гледав пред недела-две дефинитивно врвот ми го држи, од кога го немам гледано ехе, кога имав 7-8год го даваа во 5ч еднаш на сител го гледав, порано имаше на тв доста прогарама сега ништо нема од турскине серии нема спас. Dead silence исто доста добар хорор е, ако не сте го гледале изглејте го ми се свиѓаше и веќе правам пауза од филмови деновиве се и сешто изгледав ми се смачи.
Koj сака да гледа добар хорор го препорачувам Texas Chainsaw, многу језив и страшен филм. Го гледав во Cineplexx и од тогаш веќе не гледам хорори
Девојки, некоја што го има гледано The devil inside? Јас со хорори послабо стојам, од самиот збор имам уплав, некако. Севкупно земено, имам изгледано помалку од три (Петок 13 не го бројам, на него се имам паѓано од смеа). Пред некоја недела го гледав Mama, уште по 2ра минута седев гушната со перницата пред мене. Е, сега знам дека се сосема различни дејствија (The devil inside и Mama), ама муабетов ми беше, со оглед на тоа дека на вториот некако издржав, по претпоставка, дали би го догледала и првиот? Приказната ми изгледа интересно и сакам да го изгледам, ама страв ми е од срцев удар.
Martyrs (200 Не препорачувам за луѓе со слабо срце! Само за оние кои имаат "долгогодишно искуство" во гледање на хорор филмови. Хорор во вистинска смисла на зборот! Без патетики Спојлер https://www.youtube.com/watch?v=lNpDiQimK6U
http://www.youtube.com/watch?v=k10ETZ41q5o http://www.youtube.com/watch?v=pULVF3Gq9Tk овие два досега ми оставиле најсилен впечаток и му ги препорачувам на секој (нормално ако има жолчка за да му пукне додека гледа,ова го кажувам зошто мајка ми нема па кога ке гледа страв ми е да не умри од срцето зошто жолчка нема за да и пукне посебно на првиот)(хахаха)
Порано многу имав гледано, сега ретко. Сега ќе набројам дел од некој што сум ги гледала: 1.Wrong Turn (сите делови) 2.Orphan 3.Devil's Due 4.The Conjuring 5.Boogeyman (сите делови) 6.The Unborn 7.The Rite 8.The Exorcism of Emily Rose 9.Silent Hill (сите делови) 10.The Uninvited 11.Let me In 12.Annabelle
See no evil 2 Една млада девојка работи во мртовечница во која е донесен лешот на еден сериски убиец. Бидејќи и е роденден нејзините пријатели решаваат да ја изненадат и припремаат забава кај неа на работа. Телото на серискиот убиец наскоро ќе го снема. Интересен.
Annabelle Приказна за куклата која е опседната со зло. Сопругот на својата бремена жена која ја уредува собата за нивното бебенце и подарува една невообичаена кукла која што ќе им донесе голем немир. Очекував некако повеќе ама не беше баш страшен. Hazard Jack Група млади луѓе решаваат да го поминат викендот во една напуштена болница каде што ќе се забавуваат играјќи игри. Но играта ќе им се претвори во нешто друго. Не е лош филмот.