Моментално ми текнува само на Us (2019) и на Hide and Seek со Де Ниро, и двата многу ми се допаднаа, хорор/трилер/мистерија се. Топ ми се и Final destination и The Wishmaster, иако не знам дали се баш хорори. Во принцип, не сакам чисти хорори, без back up story, само со пискања, колења, бркања, преполовени тела.. Сакам психолошки хорори, со елементи на мистерија и трилер. Препорачајте некој таков, веќе од толку филмови изгледани не можам ни да најдам.
@Tan4ence Ги немам гледано. Еве видов, сум го ставила Insidious во bookmarks којзнае од кога ама не сум го изгледала. Овој вториов не ми е баш по мерак. Ги заборавив и Eli (2019) и The Platform - трилер/хорор, добри беа и двата.
A cure for wellness, препредобар филм. Можеби е малку раздолжен повеќе отколку што треба, но прекрасен ми беше од секој аспект, бек стори, атмосфера, кинематографија, глумците, особено двата главни, дечкото и девојката ми беа многу убави и со haunting изведба. Хорор/мистерија е филмов, топло го препорачувам. Исто, Unsane e доста добар, но откако го гледав првиов, не можеше ниеден друг да ми го засени тој. Девојката во главна улога глумеше ептен добро, умееше емоциите да ги долови многу убаво, и јас исто се чувствував како неа мислам додека гледав. Овој е хорор/психолошки трилер, исто препорачувам.
Фала многу. Get Out, Us, A quiet place, Fantasy island, Wrong turn (старите делови) сум ги гледал. Другиве не. Ќе ги погледнам и другите баш. Бај д веј, некој вампирски нов филм?
Вампирски не се многу нови, но мене ми беа многу интересни: Vampire Academy Dark Shadows Fright Night Underworld: Awakening И еден не е вампирски ама фантазија со ангели: Fallen 2016
Siccin-4,6 На турски е има го на YT можете да го ставете со Англиски превод. Малку е гаден ама одличен е филмот. Има повеке делови (Не знам точно колку) ама најдобри се 4 и 6
Има некоја гледано хорор филм што е проколнат ? Прочитав за еден таков и со самото тоа што читав за него ми влезе во глава, бил проколнат ако го гледаш. Јас не го гледав додуша. Се работи за Antrum