Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте филм: хорор

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од magic, 8 декември 2009.

  1. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    765
    vidi filmovita filmovizija itn..
     
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    The Exorcist 1973, го има како Истерувач на ѓаволи На HBO. Не за џабе 2013 го избрале за најстрашен хорор филм на сите времиња. Патем, за оние кои ги интересира и психијатрија и парапсихологија, филмов е врв. А и книгата.
     
    На Cosmic Girl и Dandra им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Штотуку го гледав и Свето место - филмот е од-ли-чен, иако на почетокот не делува така!

    Работен според дело на Гогољ; во 19. век, студент по богословија, кој нема ни поим од верата (според негови зборови, Оче наш не ја знае како што треба), е одбран од едно богато и налудничаво (млак збор) семејство, и треба три ноќи да чита молитви за нивна покојна.
    Мистеријата полека се разврзува додека тој престојува на имотот заедно со работниците.
    Младиот поп се обидува да го промени текот на настаните, но злото кога ќе маркира некого, не го остава.

    Страшен не ми беше, ама има поморничави сцени од Пеперутката. Дури една беше језиво долга и нецензурирана, во стомак нешто да ти се преврти, а пак музиката му придодаде квалитет на филмот.

    Сега од дистанца кога се потсеќам на Лептирица, и двата филма ми се топ, многу посодржајни од она што самиот нивен жанр го нуди.
     
    На MeowMeow, Dandra, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    765
    Go imam gledano mn dobar e
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Вакво чувство после филм имав само тие неколку пати откако го гледав Interview with the Vampire, и дури сега повторно. Овој вид филмови повеќе се заснова на глума и на емоционалност, отколку на заплашување.
    Јас се трогнав откако сфатив дека
    главниот лик всушност се заљуби во девојката и затоа потклекна на крајот
    Богами, Свето место е подобар, со поголема тежина од повеќето холивудски хорори. Првите 30 минути не ми задржуваа многу внимание, но преостанатиот еден час како што се поврзуваа работите, мојата реакција беше wow :o :| Војводина е најидеална од цела Србија за вакви готик приказни (кои јас ги обожавам).
    Многу интелигентно склопен, феминистички хорор филм цели 20 години пред Jennifer's Body, уште во Југославија 1990.

    Nikita, jel' hoćeš da se malo poigramo :devil:

    Актерот во главната улога за филмот изјавил дека е зло и дека никогаш не го гледал :rofl: Па се потсетив дека кога излегол Интервју со вампирот, Опра му откажала гостување на Том Круз, зашто не сакала таков нечестив филм да се промовира во нејзиното шоу :rofl: Дури нешто читав како ги натерала фановите да запалат свеќи и да се молат вечерта пред премиерата хаха.

    Ќе го гледам и советскиот филм Виј според истата приповетка на Гогољ, ме интересира таму како е интерпретирана приказната.
     
    На Dandra4 и MeowMeow им се допаѓа ова.
  6. The Last Pharaoh

    The Last Pharaoh Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Texas Chainsaw Massacre (1974)

    The Exorcist (1973)

    Rosesmary's Baby 1968

    The Omen (1976)

    Psycho (1960)

    Wrong Turn првите три дела првиот дел поинаку се викаше не ми текнува на насловот.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    него не знам дали некој наоѓа коинциденција во режирање на филмов од страна на Полански и она што се случува една година по режирањето на филмот, бизарното убиство на неговата жена во кое озогласената сатанистичка секта на Чарлс Менсон и ја вади утробата додека била бремена во деветти месец, а тематиката на роузмерис бејби е како главната улога раѓа дете на сатаната, coincidence? Садел Полански тикви со ѓаволот.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    The Fog (1980)
    Инспириран од вистински настан, се разбира, одмаздата на духовите е измислица, но имало ист таков злостор за злато во минатото и како бил изведен е опишано во филмот.

    The Wicker Man (1973)
    Овој го сметаат за најдобриот британски хорор (мене ми беше отповеќе смешен, но и објективно мислам дека содржи хумор за ублажување на ужасниот крај кој претстои).
    Се базира врз еден обред на старите Келти. Жителите на шкотско островче, од аристократот до најобичниот човек, го напуштиле христијанството и станале пагани, па опишано е како живеат и како размислуваат (тие се откачени). Еден полицаец доаѓа таму да расчисти случај на исчезнување и им паѓа во раце. Значи многу јак филм, само ми беше некако шарен, ич не личеше на хорор, повеќе како ТВ драма...

    Carrie (1976)
    Најдобриот revenge хорор. Според роман на Стивен Кинг, зборува како траумите можат и најкревката жртва да ја претворат во чудовиште, а тоа и се случува на повлечената и исплашена средношколка Кери, која трпи сешто во животот, од строгоста и непотребните казнувања на мајка и, до подбив и ирационална омраза од страна на соучениците. Можеби најнепрежалениот филмски лик :u: Ремек-дело на Брајан Де Палма, но сепак има некои бесмислени моменти.

    To be continued...
     
    Последна измена: 4 октомври 2022
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    21.024
    Dead silence (2007)
    Incident in a Ghostland (2018 )
    Possum (2018 ) - овој е психолошки хорор
    The boy (2016)
    Mothman prophecies (2002) - овој ми е хорор у права смисла на зборот.

    Инаку за идеи за хорор филмови има една девојка на јутуб, Heidi Wong се вика, доста интересни ги дознав од неа.
     
    На NoirSerpentine и AAKG им се допаѓа ова.
  10. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    The Exorcist, A Nightmare on Elm street, Child's Play, Halloween, The Stepfather, Silence of the Lambs, The Uninvited од 2000те некаде беше, Phantom of the Opera, од сајлент класикот во 25та па се' до мјузиклот од 2005та кој е романтичен хорор, Bram Stoker's Dracula, The man who laughs, Rosemary's baby, Repulsion,The Tenant,
    >>од поновите...>>
    Child's Play римејк, Nightmare on elm street римејк, Halloween reboot, The Orphan, Тhe Mother *многу disturbing,и овој и оној по него) , Pearl, Smile, Cabin in the woods, Scream franchise, The Orphan 2, Shadows на Манчевски, Happy Death day, Ready or not и др. Ќе допишам како ќе ми текнува.
     
    Последна измена: 20 ноември 2022
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.386
    Crimaon Peak 2015
    Barbarian 2022
    Siccin има 6 дела,турски хорор одличен.
    Bedua
    The Djinn
     
  12. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    7.940
    Пол:
    Женски
    Тишината на јанињата
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на The Silence of the Lambs, наш превод е Кога јагнињата ќе стивнат
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    7.940
    Пол:
    Женски
    Од одамна го немам гледано. Сум го заборавила8-|
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Гледај ги повторно ама сите три дела
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    7.940
    Пол:
    Женски
    Има повод?8-|
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Како мислиш?
     
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    7.940
    Пол:
    Женски
    Дека викаш изгледај ги сите три дела пак. Сум ги ѕирнала неколку пати. Доста ми е.
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Епаа не знаев дека сите дела си ги гледала, не се сите со исти наслов
     
    На Stark и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  20. Andzi4.

    Andzi4. Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    There's Something Wrong with the Children
    нов филм сега искочен,солиден е
     
    На imorena му/ѝ се допаѓа ова.