Na mene 3 i 4kata mi se omileni, probaj so house of wax ili ovoj e dobar isto https://m.imdb.com/title/tt0077889/
Гледам дека си по хорорите, па би те замолила да препорачаш филм со убивање ( пример млади одат некаде и потоа им се претвора патувањето во хорор).
Гледани ми се. Еве од мене нешто https://m.imdb.com/title/tt7711170/ https://m.imdb.com/title/tt14642626/
Даббе од 2013 и 2014 вечерва ги видов.... Иако не сум љубител на хорор филмови(искрено кажано се плашам) овие ги гледав....
Talk to me (2023) Група млади луѓе сакаат за забава да се поврзуваат и разговараат со починати луѓе, но сепак играта ќе се претвори во нешто друго. Океј е филмот може да се погледне.
Mikey (1992) Мајки е 9 годишно дете кое подметнува пожар во подрумот во куќата во која што живее. Тој таму живее со неговата помала сестричка Бет и со нивните родители - посвоители. За пожарот ја обвинува Бет. Кога неговата мајка дознава дека тој е виновникот, решава да го казни. Потоа тој ја започнува својата одмазда. Убав хорор. Се изненадив од начинот на убиствата на детево. А и погледот му е страшен.
Леле луѓе што е со хорор филмовите у последно време?! Од глуп поглуп. И сите до еден се со деца. Само што го изгледав "The Exorcist Believer", ау каков тешко срање. Возрасни луѓе го смислиле и си се чудам јас возрасна го изгледав. Исклучително дебилен филм. Деновиве ги изгледав и "The Pope's Exorcist" и "Evil Dead Rise", првиот слично срање ко овој Беливер, вториов мрднат со гадни сцени, ај пак имаше пар напнати моменти, ама па не можам да гледам како деца ги наебуваат. А "The Nun 2" го гледав у кино дури. Првата половина океј беше, ама козата кога излезе... стана комедија. Со години не гледав хорори зошто не можам да гледам такви глупости. И секогаш едното те исто, или опседнат човек или куќа.
јас пак во кино го гледав The Exorcist Believer. Прв пат во кино гледав хорор и можам да кажам дека баш бев напната..
Делиме скроз исто мислење. Значи, катастрофа жива! Believer го чекав да искочи за да ме разочара комплетно. Ужас! Nun 2 апсолутно не му ни давам шанса, оти уште памтам колку е првиот дел ужасен. Evil dead е единствено одвратен, ништо друго. The Pope's exorcist беше капачката на разочарувањето. Еве не знам веќе што да се гледа, скроз е хорор, човек хорор да пушти. Искрено, нема нешто вредно од хорориве моментално. А да, и Demeter е многу лош. Го гледав и Insidious - the red door, комплетно разочарување. Не само што се екстремно досадни, туку немаат ни сторија како што треба.
Кој ја нема гледано сериата 'крвава свадба' нека ја гледа,супер е. Хорор по вистинска приказна. Siccin сите делови исто така се добри.
Ако сте фан на found-footage хорори, како што е Blair Witch Project, гледајте го Hell House LLC, мене ми е во топ 5 омилени хорори што ќе ве остави со такво језиво чувство и страв од темница некое време.
Читав коментари дека новиот дел од Пила е добар, уште му немам седнато да го гледам, инаку некој ми кажуваше за серијата Крвава свадба, ама само од што слушав страв ме фати и не ја гледав. Инаку се согласувам погоре со сите, во последно време толку никакви филмови, нема ни еден да издвојам од последните три четири години.
THE POSSESSION OF HANNA GRACE Шокантен егзорцизам излегува од контрола, одземајќи го животот на една млада жена. Месеци подоцна, Меган Рид работи на смената на гробиштата во мртовечницата кога ќе го донесе обезличувањето на трупот. Заклучена сама во ходниците во подрумот, Меган почнува да доживува ужасни визии и почнува да се сомнева дека телото може да биде опседнато од немилосрдна демонска сила.