The Prophecy - првиот, четвртиот и петтиот дел никогаш не ми здосадуваат. Вториот и третиот, може и подобро.
Прв филм изнајмив на мои 12-13 години и тоа беше хорор - House of 1000 Corpses.Фанатик за хорори и трилери овде, слободно прашајте ме за некаква препорака. Е сеа, пошто имам изгледано скоро се што е со добар рејтинг, тешко нешто дека ги задоволува моите критериуми. Ќе се обидам да ја живнам темава па ќе давам мои предлози. Forest Horror movies (хорори во шума) 01. Eden Lake - 2008 Романтично бегство во шума на млад пар се претвора во хорор авантура. Хорор/трилер. 02. The Ritual (2017) Четворица пријатели одат на планинарење во Северна Шведска и се губат во шума полна со мистериозни симболи врежани во дрвјата. 03. Evil Dead (2013) Пет пријатели наоѓаат мистериозна книга во напуштена, шумска кабина. Хоророт започнува со отварање на книгата. Не е препорачлив за особи кои се доста гадливи, има језиви сцени. 04. Wolf Creek (2005) Австралиски хорор/трилер, заснован е на вистински настани. Има и втор дел Wolf Creek 2 (2013), а и серија (2016). 05. A Quiet Place - 2018 Не верувам дека некој го нема гледано. Пост-апокалиптичен хорор. Уште неколку мои предлози за шумски хорори. Open Grave (2013) The Last House on the Left (2009) High Lane (2009) The Descent (2005) и The Descent: Part 2 (2009) Филмовиве имаат авантуристички шмек, пријатели изгубени во шуми, планини, напуштени колиби, сериски убиец, демони, преживување.
Zdravo, i jas sum ljubitel na horor filmovi osobeno postarite 80s, ama sakam i novi. . Dali može nekoja preporaka za dobar horor film so tematika okolu zadgrobniot život,( go imam gledano After.Life)
Да, го имам гледано многу одамна, со Кристина Ричи. Спојлер: Спојлер Интересен психолошки хорор, до последно се прашував дали е мртва или пак жива и дали овој манипулира со неа. Не ми текнува на некој ептен сличен, но еве некои предлози кои можеби ќе ти се допаднат, најдов минимална сличност можеби (духови, задгробен живот). The Others (2001) The Orphanage (2007) Marrowbone (2017) Имаат доза на мистерија/неизвесност, ме потсетија на After.Life.
Prviot go znam, drugite 2 ne. Ke poglednam uste vecer nekoj od tie i ke pišam vpečatoci. Fala na preporakite.
Кој го нема гледано нека го гледа филмот,одличен е. When evil lurks Демон кој ги напаѓа животните и се храни од нив така што ги убива. Се пренесува од едно во друго животно и доколку животното биди убиено од страна на човек,демонот почнува да ги напаѓа луѓето. Цело време се дешава нешто во филмот,доста интересен.
Go poglednav Marrowbone 2017 ama nekako što znam ne mi se baš dopadna očekuvav neso poinakvo, ke go poglednam i Orphanage možebi ke mi se dopadne poveke
Дали го имате гледано SICCIN сите делови (мислам дека беа 5 дела) Дали се чувствувавте вознемирено после тоа? Ги изгледав првите два дела пред 5 месеци и сеуште не можам да си дојдам при себе од него сакам дс ги изгледам и деугите делови но срце не ми дава Читам коментари по социелните мрежи за тој филм од типот дека “Црната Магија” во филмот можела дс се пренесе на нас иако звучи смешно и нереално. Пак не можам да соберам храброст да го изгледам целиот
Сите делови ги изгледав. Посебно впечаток ќе ти остави сицин 3 и сицин 4. Овај филм сицин е правен по вистинска приказна и прикажува како луѓето можат да одат до тој степен да прават магија фактички џинови на свој блиски луѓе без да размислат на последиците. Исто така филмот покажува една слика дека лошото дело кое му се прави на друг човек се враќа со полошо,фактички карма ис а бич. Филмот е малце преправан,додавани се некој сцени шо не се реални. Пример тресење на цела куќа додека го повикува џинот или онаја старата ко ќе се потури со врела манџа и така натаму....Гледајги сите делови посебно третиот и четвртиот дел. Не се многу страшни али има добра приказна. Исто така добар ти е Bedua,и тој е турски. Иначе сите хорор турски филмови завршуваат трагично.
Oddity Добар филм, малку бавен но го задржува вниманието. Ништо комплицирано, убав вовед и општо мрачна атмосфера до крајот.
Мој предлог, изгледан вчера. Филм од 2023-та али визуелно и содржински те враќа во 70-тите. Ми задржа внимание. 7/10.
ELI Малиот Ели има здравствени проблеми па неговите родители го носат на лечење во една куќа каде што му имаат ветено дека ќе го спасат од болеста. По језив филм немам гледано одамна, за љубителите на хорор го препорачувам, јас уште се чудам што се деси
Never Let Go Ако сте љубители на хорор филмови од типот на A Quiet Place & Bird Box, погледнете го и овој филм со слична тематика е и како претходните два.