Kratok horor antology film, del od filmot Body Bags 1993 koi sto se sostoi od 3 kratki nepovrzani megju sebe horor prikazni. Ova e prvata prikazna "Gas Station" koja trae pomalku od 30 minuti. Mlada žena odi za prv pat na novoto rabotno mesto na Benzinska pumpa i toa 3ta smena, kako minuva nokta razni čudni likovi doagat na benzinskata pumpa.
Ako moram da izberam 3 toa se. 1.Friday the 13th 2. Texas chainsaw massacre 3.House of wax Inaku nokeska posle 00:00 sme Petok 13ti
Мене од оваа листа фаворит ми е Ghostland Инаку петок 13ти си е класика и во чест на денот е на прво место
The First Omen Immaculate И двата имаат иста тема - калуѓерки и нивното угнетување во Католичките цркви. Двата филма се одлични, но предност му давам на The First Omen. Prey For The Devil И овој е за калуѓерка во Римокатоличката црква, ама тука се работи за егзорцизам и демонско опседнување.
Ако гледате азијски конкретно корејски или јапонски јас би можел да ви препорачам неколку. A tale of two sisters, I saw the devil (nesto pojce na triler e), Pulse, Grudge, Shutter.
Еј, јас само да потврдам дека сите се добри. Најмногу впечаток ми оставија првиот и последниот. Иначе да, I saw the devil е трилер, психолошки. Али би рекла е маст си. На секое мислење влагам у темава, ама ништо ново. Се ми е гледано, а ми се гледа стварно некој добар хорор.
Не знам дали ти е гледана Guillermo Del Toro’s Cabinet of Curiosities, минисерија, каде секоја епизода си е засебна хорор приказна. Дел се интересни, дел помалку интересни, но целокупно убава серија. Со исклучок на една епизода, сите солидно ги оценив на Летербокс. Од филмовите, не знам кој поджарн најмногу ти лежи, на пример The Innocents (1961), кој има и римејк, но и по овој филм (технички по приказните на Хенри Џејмс) е снимена и The Haunting of Bly Manor (минисерија). Сите суштински се исти, но содржински се различни. Серијата е најдетална, најдлабоко навлегува во приказната. Филмот, од 1961, е класичен хорор од таа ера, кој повеќе се фокусира на драмскиот елемент. (како Психо, Птици, Ноќта на живите мртовци и Розмариното бебе). Потоа, Train to Busan е убав корејски постапокалиптичен (зомби) хорор. Од истиот поджарн 28 weeks later. Ако сакаш психолошки хорор, Misery и 1408. Од поновите (т.е. пост 2020), Abigail, Talk to me, Last night with the devil и Last night in Soho ми беа интересни, донекаде и уникатни. Dead silence (2007) од Џејмс Ван и Arachnophobia (1990) ми се гилти плежр.
Smile 2 го препорачувам, креативно снимање и глумицата во главната улога е феноменална. Многу сакав Носферату да го видам во кино, ама во Киноверзум што е до мене (Кисела Вода) не дај Боже асален хоррор да се покаже, битно миллион цртани дневно има и пола од нив нискобудџетни глупости за кои 10 луѓе на планетава слушнале.
Често им одат деца организирано од училишта па затоа најверојатно имаат цртани цело време, тоа им е главната публика изгледа.
Само кај нас во кината филмовите каснат. Носферату во странство веќе се прикажува одамна, а кај нас ќе дојде догодина. Многу сакам да го гледам, но нема каде. Кај нас дури на вториот ден од годината.
Филмот е безвеза. За разлика од првиот Smile,овај вториот е далеку послаб. Нема шмек,недржи внимание.