Мислам дека и нашата кинематографија направи солиден исчекор во овој жарн, прво со “Сенки“, а потоа и со “You wont be alone“. Вториот е тежок за следење, пред се поради јазикот, ама има убави историско-културолошки сцени и скриени психолошко-алегорични пораки. Искрено, потребно е ширење на кинематографскиот спектар, досега (последниве 20 години) имавме само народни приказни и филмови кои пресликуваат сиромаштија, голгота и беда, а сценариски секој втор збор е пцовка. Од останатите, одличен психолошки хорор е и Jacobs ladder.
Јас годинава "открив" хорори. Дефинитивно предолго имав некоја "предрасуда" какви треба да се. И видов дека има забавни. Ова е од Октомври, ко почнав: Са паузирав со хорори оти "сезонски" гледав есенва и зимава филмој и серии. Ама од Јануари планирам да им се вратам па ќе исчитам темава за предлози. Од овие шо гледав најмногу ми се допаднаа The Omen, The Langoliers & Saw.
Не знам. Предлозите ми се од хорор ентузијаст, и воедно фан на постари филмој. Ко шо реков, претходно не гледав воопшто и идејата шо ја имав за филмојте беше дека се кринџ (предрасуда). Сама исто така не барав, туку имав секое утро во сандаче шо да гледам. Така да ... И во НГ ќе тргав од предлози шо би ги читала тука.
Ставен во листата. Фала. Beetlejuice беа екстра двата оти сакав да гледам новио со Џена Ортега и се напнав. Константин беше во хорор распоредот. Мислам дека ми го даде за да олабам, имав скриено дека ми е омилен лик и дека ми е гледан претходно зошто имаше ризик да ми е заменат со некој праисториски. Меган на своја рака го гледав зато и е понов. Ништо ново немав во предлозите. Бар не после 2009/2010. Ама мислам дека рандом ми излезе на некоја стримиг сервис шо гледам под категорија хорор. Ама ко шо реков, моментално експлорирам жанрот, не знам дали и колку е хорор. Зато и се базирам на предлози за да добијам појасна слика. Lowkey сакам понови филмој оти старите колку и да ме бендисаа некои, едноставно имаше дел шо ми фалеше. Спојлер Од листата серијата е екстра шо јас ја пуштив ама оти ја гледав во Октомври е во Спуктобер (Октомврискиот целокупен распоред). The Others исто мислам дека не беше дел од хорор распоредот туку беше екстра т.е. беше туѓ предлог не од тој шо ми го праеше распоредот. И Coraline беше екстра зошто јас ја предложив на тој шо ми праеше распоредот па го прегледав уше еднаш. 31 филм треба да е хорор распоредот, мислам дека само овие беа додаени.
Хорор ги ставаат и тие што имаат и хорор елементи, а уствари не се хорори. И Scary Movie е прикажан како хорор, а не е. Веќе почнаа да се мешаат жанровите, како во музиката. Во музиката веќе се губат класичниот рап, рок, поп и тн. Па така и во филмовите. Ама режисерите да ги направат попривлечни филмовите, пишуваат дека се и друг жанр. Битлџус двојката мн повеќе мерак ми направи, но далеку е од страшен. Ни С од страшно немаше.
Сега ќе ви пишам едно мое лично ,,хорор патешествие". Како огромен фан на хорор филмовите и како добар ,,разбирач", би сакал да ви препорачам Топ 50 хорор филмови: 1. The First Omen 2. Abigail 3. Alien: Romulus 4. Heretic 5. Smile 1 & 2 6. Terrifier 1, 2 & 3 7. Immaculate 8. Speak no evil 9. Night Swim 10. Imaginary 11. Salem's Lot 12. The Watchers 13. Tarot 14. Winnie the Pooh 15. The Exorcism 16. Stream 17. Strange Darling 18. Monster Summer 19. Never let go 20. The beast within 21. Baghead 22. The Strangers 23. Evil Dead: Rise 24. Saw X 25. The last voyage of the Demeter 26. Thanksgiving 27. The Boogeyman 28. The Pope's Exorcist 29. The Nun 1 & 2 30. Cobweb 31. Talk to me 32. Tin & Tina 33. Five nights at Freddy's 34. X 35. The Menu 36. Pearl 37. The Invitation 38. Black Phone 39. Prey for the devil 40. Hatching 41. Day Shift 42. Halloween Ends 43. Choose or Die 44. The legend of La Llorona 45. Baghead 46. Dear David 47. Hereditary 48. The Blair witch project 49. Candyman 50. It Follows Иако ми се подредени од 1-50, сепак не би ги рангирал, но би издвоил неколку омилени, кои исто така нема да се по редослед: Salem's lot Овој филм е адаптација на една од книгите на Стивен Кинг. За тие што се љубители на хорор, сигурно го знаете овој писател, кој е многу популарен. Има неколку вакви книги, од кои оваа е средно популарна. Дејството на филмот се одвива во мало градче. Во градот доаѓа еден писател кој сака да напише книга. Во градот во една мистична куќа на ридот, се наоѓа ковчег, во кој има вампир. Вампирот преку слугата, оживува и ги претвора жителите во вампири. The Strangers: Chapter One Овој филм е сниман по две случки кои се случиле во реалниот живот. Еден пар решава да се одмори и да оди во една куќа во сред шума во едно забутано градче. Додека си мислат дека се е во ред, во куќата им доаѓаат и ги напаѓаат ,,странци", односно луѓе што не ги познаваат и ги напаѓаат од непозната причина. Black Phone Овој филм не е класичен хорор, но има премногу хорор елементи. Исто така како претходниот, се работи според вистинска приказна. Дејството е сместено во минатиот век (не памтам точни години), кога сериски убиец преправен во кловн, киднапира деца и ги убива. Овој сериски убиец е еден од најозогласените сериски убијци во 20 век и убил многу деца. Убиецот ги примамува децата со маската од кловн и анимациите кои им ги прави, пред да ги киднапира во комбето. The Blair witch project Овој филм е најстариот во мојата листа, но и еден од омилените. Филмот е според вистинска приказна и сеуште е еден од најстрашните хорор филмови. Не ми текнува многу што се случуваше во филмот, бидејќи сум го гледал кога бев помал. Strange darling Овој филм е исто така според вистинска приказна. Изгледа таквите најмногу ме привлекуваат. Се работи за еден дечко, кој што е надвор од службата во полиција и решава да оди во мотел со проститутка. Но тука настанува куршлуз и девојката бега од него. Искрено, кога го видов постерот, помислив дека овој филм е некој еротски хорор, ама не е таков. Видов на нет добри критики за филмот, и решив да му дадам шанса. Не погрешив. Филмот е топ. Нема да ви кажувам повеќе, бидејќи има изненадување, а ако ви го откријам, нема да биде интересен. Tarot Од филмовите со паранормална активност и духови, овој ми беше еден од омилените. Дејството на филмот е во една викендица, каде што се собрани млади луѓе да се забавуваат. Гледаат на карти и си доделуваат карта според хороскопскиот знак. Потоа со тоа што ќе им се погоди на картата, тоа ги убива. Се надевам дека ви се допадна мојот избор. Доколку имате да додадете или да ме прашате, слободно...
Model House Пет инфлуенсерки живеат и работат во изолирана куќа. Една ноќ ќе ги заробат разбојници, кои ќе сакаат да заработат пари од нив на не баш традиционален начин, држејќи ги како заложници.
Gravedancers 2005 na Youtube so prevod na Srpski jazik. Grupa prijateli pravat žurka na grobistata i razbuduvaat duhovi koi gi progonuvaat