Моја оценка за овој филм е 7/10. И овие ги гледав лани од новите: Heretic - 7/10 и за Еретиков, но мислам дека е навредлив за атеисти и за луѓе кои веруваат дека живееме во симулација. За да надоместат, треба да снимат prequel, Еретик вс. фанатик, така нешто. Speak No Evil - го имам гледано оригиналот од пред 3 години кој е мошне морничав, остава лошо чувство во стомакот, американскиов е како пародија со хепи енд, мора да се зафркавале. 4/10 Beetlejuice 2 - видов дека е спомнат на темава, симпатично филмче за разлика од првиот дел кој го сметам за weird, ама не би го нарекла хорор. 9/10, инаку. Викендов го гледав Nosferatu, ми делуваше претенциозно, лажно поетски, колку да се сними реда ради. 5/10. Не може да се спореди со германскиот Носферату од 1922 кој е филмиште и пол, хорор за сите времиња. Сакам да ја гледам и верзијата од 1979 на Вернер Херцог. Не се сомневам дека вреди. Следно во план ми се Smile, Night Swim, Alien: Romulus и ако некој ми се допадне, ќе го препорачам.
И овие што ги напиша, сите ми се гледани. Најдобар од сите би кажал дека е Носферату. Но добро, може тебе не ти се допаднал. Мене скоро се ми се допадна кај филмот. Сцените, глумата на повеќето ликови, приказната и тн.
Ме заинтересира за филмот, разгледав кратко за каков жанр се работи, режисер, актерска екипа. Го изгледав трејлерот - ми се допадна, Рајан Куглер како режисер има зад себе доста квалитетни остварувања како Creed, Black Panther, Fruitvale Station - мој омилен филм од Куглер. Филмот има доста висока оценка на IMDB 8,2 и 84 на Metascore Куглер и во овој филм ја продолжува соработката со Мајкл Б Џордан актер кој ја толкува главната улога и во горенаведените филмови. Делува доста ветувачки, мислам дека се работи за добар филм, моја препорака да го гледаш
Незнам дали препорачан ама еве и да е може пак да си го изгледате, Многу добар филм прекрасна глума и прекрасна приказна која остава право на избор да го сватиш филмот од религиски или научен аспект.
Sinners за мене е најдобар од жанрот деценијава, јас сигурно ќе го гледам уште еднаш оваа година. Спојлер Хорор со вампири, некои кадри се fantasy, а има елементи на драма опфаќајќи расни и социјални теми. Лично би одзела само една сцена, куса е, ама сметам дека премногу открива предвреме.
Го гледав во Синеплекс кога имаше попусти пред некој викенд и мислев дека ќе биде тапа но тотално ме изненади, филмот беше одличен според мене на секое поле. Патем веќе кога сме на тема хорор, не е филм/серија но е јутуб канал MrBallen и мислам дека секој кој го сака овој жанр и начин на презентација треба да го ѕирне.
Route 666 За да скратат дел од патот Фби агенти откако уапсија заштитен сведок се одлучија да тргнат по патот 666 каде што се случуваат низа мистериозни натприродни нешта (има превод и на Хрватски во captions
И Abigail (2024) имаше кул моменти, 2000ѕ vibes и девојчето во насловна улога е за пофалба како актерка.
The woman in the yard. Филмот е доста добар. Го има на filmativa.filmovizija,filmoflex The vatican tapes. Вреди да се гледа.