Мхм, еве го, добар е, сликчево го снемало па не се знае за кој филм имам пишувано, требаше наслов да ставам.Не знаев да форумисувам тогаш.
Го ѕирнавте ли? За оние кои не знаат, ова е трет дел кој излезе годинава, првиот е 28 Days Later (2002), вториот 28 Weeks Later (2007), да се погледнат задолжително. За љубителите на зомби хорори. Новиов го оценувам со 7,5. Следна година ќе излезе 28 Years Later: The Bone Temple.
Леле ја отворив темава за да го прашам истото. Стално ми излегува еден исечок и ми делува привлечно. Да ми кажеш ако го изгледаш
The Other Кателија е немо сираче кое ќе ја посвои фамилија што се бори со неплодност. По нејзиното доаѓање во куќата, се случуваат чудни и вознемирувачки настани.
Weapons (2025) Во мирниот град Мејбрук, во 2:17 наутро, 17 од 18-те деца од трето одделение побегнуваат од своите домови и исчезнуваат без трага. Само еден ученик, Алекс, останува. Вината паѓа на наставничката Јустин, која има проблематично минато и проблеми со зависности. Режисер на филмов е Zach Cregger познат по Barbarian (2022). Крипи хорорче, ми се бендиса, 8/10.
Together Уште на почетокот, кога млад пар ќе се одлучат да се преселат на друго, помирно место, се знај дека ќе бидат осудени на пропаст Иако не сум љубител на боди хорорите, овај е навистина добар, убаво смислена приказна.
Приметувам дека боди хорорите многу станаа актуелни после The Substance. Овој ми е на листа, а исто и The Ugly Stepsister, долго време се спремам да ги гледам, сигурно се грозни и језиви.
Body horror во комбинација со психолошки хорор кој го гледав последно а ми остави добра импресија е Bring her back...баш грозен, со сцени да тргнеш поглед од екран(го кажувам ова како човек кој гледа вознемирувачки работи). Приказната беше исто солидна, добар осврт на траума и жалење. Единствен минус ми беше што не се осврнаа многу да го објаснат тоа што го правеше главниот лик, во смисла што беше натприродниот елемент. Исто друга препорака, не толку нов хорор кој тек сега го најдов - Oculus. Ако сакате приказна каде што целата атмосфера станува конфузна и се испреплетува што е реално, што е халуцинација. Weapons многу ми се допадна, оригинална приказна и језиви моменти, но со баш некој уникатен вајб. Би сакала да знам нешто повеќе за Gladys, е тоа ми фалеше само, малку повеќе увид во приказната на антагонистот.
The Ugly Stepsister е поекстремен, претеран. Мрачна му е атмосферата и гротески елементи има многу. Во споредба со Together, кој има и емотивна нарација, The Ugly Stepsister е повеќе нелагоден за гледање. @Angie1432 се спрема преквел на Weapons за тетката Гладис