The Long Walk (2025) Дистописки хорор-трилер, адаптација на романот на Стивен Кинг. Учесници се принудени на сурово натпреварување во пешачење, кое ќе ги тестира нивната издржливост и морал. 8/10
Bone Lake Добро познатата хорор идеја getaway that goes wrong, за два пара во изолирана куќа покрај езеро. Мистериозен хорор со психолошка игра, лесен за гледање.
Мислам дека по 2013, не е снимен подобар хорор од The Conjuring, првиот дел. Последно го гледав пред неколку дена и дури сега го ценам како уметничко парче, иако ми е гледан многу пати пред короната. Ни демони, ни вештерки не те спречуваат да посакаш да живееш во онаква куќа во природа негде во минатото, во готик 70-ти. Tреба да ги прегледам сите тие од The Conjuring Universe, и куклата Анабел ми е многу интересна.
И мене но старите верзии 3 дела зш има нов 2006 ако не се лажам беше има и омен 4 ама ич не не се свиѓа тоа е кога ѓаволот се раѓа во женско мало девојче нема тоа што ни ме фасцинирало ко првиот и вториот дел језиво до бол и третиот не е лош кога веќе Демијан порасна нели и влезе во светот на политиката
Изгледа не си го гледала The Sinners. А има и уште многу други квалитетни хорори. Новите хорори што ги прават во последниве 10 години се многу добри. Најновиот Conjuring е исто така меѓу најдобрите хорори годинава.
Conjuring не е филм за номиниран хорор иако доба првиот дел и вториот ич тоа е сугестија само без доказ омен е најдокажан Зошто се е спред Библијата и откровение
Разбирливо тежок е неможе секој неподнослив у Шведска имаат починато у кино сала информација тетка ми живее таму знам ми кажа она е од мала од 15 години таму сега има преку 60 години имаат срцев удар од филмот па забрана добил за гледање итн.
Не за тоа, туку онака ми беше глуп. Иначе гледам хорори од 6 годишна возраст и навикнат сум. Веќе не ме плаши ни најстрашниот хорор.
Да, Omen 1 и 2, и римејкот од 2006 кога бев мала ама го имам заборавено. Јас реков дека The Conjuring ми е најомилен после 2013, а омилени на сите времиња ми се стaрите психолошки хорори од 60-ти, па и некои од 70-ти. THE Omen првиот ми е СТРАВА , вториот ми беше онака. Тоа детулето Демијан - многу мило и слатко, ептен се поигрува филмот со инстинктите. Го гледав Sinners, тој ми е 8-ка, The Conjuring ми е 10-ка, поуметнички делува, има белези на класик.
Мој човек си чим омен те прошол сега зс конжурингне знам ја удрив повеќе ко научно фантастика до хорор пак хорор пак вампири ко Twilight saga сите 4 дела сега ќе има нов номинација Twilight 5 дел пс че се пушти за гледање има трејлери но за филмот ќе почекаме 2026
Јас пишав страва во смисла добар филм, инаку ниту еден хорор не ми е страшен да ме исплаши, секакви можам да гледам.
The Conjuring и мене не ми беше ништо посебно првите неколку пати кога го гледав. Сега го пуштив после години и по cите класици што ги имам поминато, ми влезе под кожа. Twilight се тин-шема филмови.
Sinners е номиниран за неколку награди. Има одлична приказна, глума и се што е потребно за добар филм. Conjouring е исто со добра приказна, но таму е вистинита приказната, а таквите хорори се повеќе се пробиваат во последниве неколку години. Од светот на Conjouring треба да има филм и за таа касапката од Њу Орлеанс (мислам дека од таму беше), што си ги касапеше робовите во нејзината куќа, но не знам што бидна со тој филм.