Не би рекла напред сум 40 така да кој што го возбудува мене љубовта меѓу вампирите и обичниот човек прифаќање на необичното од двете страни и мешање на црното типче врколсците индијанско потекло и двете ја,сакаа Бела но она го узбра вампирот јаооо 3 дел ми е најјак кога се бореа врколсците со вампирите и дојдоа главните вампири од Франција беше и се откажаа таман Бела роди дете ќеркиче срце убаво мешано со многу моќ во бего вампирите човек
Ова сум го пишала за Sinners пред три страници. Е сеа, оттогаш поминаа месеци. За најдобар по 2020-та, можеби. Ама имаше и други јаки, на пример The Substance (2024), номиниран за Оскар. Late Night with the Devil (2023) што го препорача @FriendOfDorothy многу ми се бендиса, Final Destination Bloodlines (2025)... Снимаат добри хорори деценијава, ама сите тие се тука негде, без некој да се издвојува. 28 Years Later најтазе гледан.
Amityville хорор кој е правен од вистинска случка. Го има цел серијал со девојката која беше опседната со зли сили кој не успеаја да ја спасат. Понатаму треба да го гледате.
Заборавив еден од најдобрите за оваа деценија. Лани за НГ го гледав. Pearl (2022) Mошне американска приказна
Го гледав искрено многу добар хорор чуствителен за кој верува вештерка убиена се раѓа во нов живот девојка млада ја наседнуваат божем во академија да студира и одтука почнува приказната оди во лоши раце кај тие вештерки што се поврзани со ѓаволот бортис и должат за сопствени интереси но ја спасуваат нејзините вистински пра пра сили вештерки што прават бели магии има натприродни борби доказ за доброто и злото прекрасен филм за кој сака хорор што допира внатре нека погледне данке за препораката си ја разубавев вечерта
Сите овие паѓаат во вода ако сте го гледале Blair Witch Project. Еден од најдобрите и најстрашните на сите времиња.
Изгледа никогаш нема хорор да ме уплаши зошто иако Blair Witch Project е близу до ремек дело, воопшто не го доживеав ко страшен. То е, 2026 оставам хорорите, џабе е.
Ако ви е интересен Blair witch project со таа специфична камера, гледајте REC да видите доживување прво лице снимање на зомби хорор филм. Првите два дела се одлични, третиот е безвеза.
Добро, сега покрај толку многу изгледани нови хорори и мене нема да ми е страшен, но во времето кога искочи, стварно беше страшен, бидејќи такви филмови не се правеа и Blair Witch Project беше прв од таков вид. Сега и јас да го гледам, нема да ми е страшен, но дека е еден од најстрашните и еден од најдобрите, се слагаме повеќето хорорџии тука мислам.
Не знам ко излезе, тодлер бев. Ама ко почнав да гледам хорори (на препорака доминантно, и доминантно стари со куц-туц некој понов) - беше во првите. Ама ко шо реков, мајтап на своја сметка е мојот коментар, дека треба да остам хорори ако и "најстрашниот" ain't doing it for me. Зато и ги гледам од "уметнички" аспект веќе, иако почнав со цел "да ме уплаши" филмот.
Преувеличуваш дека е најдобар. Овој бил хит на времето кога излегол зашто се кренала фама дека снимката е реална и автентична што секако е лага. Најдобри хорори се: The Exorcist (1973), The Birds (1963), Nosferatu (1922), Rosemary's Baby (1968 ), Repulsion (1965), The Tenant (1976), The Omen (1976), The Innocents (1961), Carrie (1976), Psycho (1960)...
Овие што ги наброја, веќе не се ни страшни. Страшното го прави музиката, а баш тоа е добро во Blair Witch Project за да биде одличен страшен хорор. И мене ми излргуваат странски портали кај што пишуваат дека старите филмови се најстрашни на соте времиња, ама изгледа авторот го мава носталгија за филмовите од пред 100 години.
Знаете некој хорор сличен на The Others со Никол Кидман? Значи да е нешто како мистерија која полека се отплеткува, мрачно и застрашувачко, а не како хорор што директно те напаѓа некој/нешто.
Ниту еден хорор не е страшен доколку си полнолетна личност. Од овие десет што ги наброjaв, осум филма се чиста 10-ка, два оценувам со 9. Твојот фаворит The Blair Witch Project ми беше 6 пред неколку години. Ај нека е вкус во прашање, ама баш ми е жал кога не сакате да гледате апсолутни безвременски класици кои обработуваат теми на размислување што 60, 100 години подоцна остануваат еднакво актуелни, се лишувате од врвно искуство само затоа што биле стари. Вие не ја цените уметноста, филм гледате за утре да се најдете во муабет, леле колку било страшно. А не е.