Најдобар од цела таа триологија: X (2022), Pearl (2022), MaXXXine (2024). Миа Гот е маестрална хорор актерка.
Вчера го даваа The Others ама брзо го исклучив. Не ми беше интересен. Иначе: The Night House, The Six Sense, The Orphanage, The Haunting, Doctor Sleep. Овие се слични на тој филм.
Класиците веќе не се во мода. Времињата се менуваат и не може да биде интересно веќе како тие хорори пред 50 и 100 години. На пример и Paranormal Activity беше хит кога излезе, но режисерот стана алчен, па направи 10 дела и после стана неинтересен, а и публиката почна да ги избегнува таквите видови на хорор поради алчноста на режисерот за пари. Иначе првите 2-3 дела се правени со ептен мал буџет, а имаа добра заработка. Во тоа време такви филмови палеа кај љубителите на хорор. Претпоставувам дека режисерот бил инспириран од Blair Witch Project, бидејќи тој беше еден од првите такви хорори (ако не и првиот). Јас лично сметам дека поновиве хорори што се прават во последниве 10 години се многу поквалитетни од класиците на времето. Класиците се со вампири или духови. Но има и добри стари филмови, како From dusk till down, Boat Ship, Nosferatu, Dracula итн. Работата е што гледачите сакаат нешто ново. Моментално се гледаат хорори со паранормално и поврзано со црква и свештеници/калуѓерки и сл. Дракула и духови веќе никој не ти гледа такви хорори, но ме изненадува фактот што тие што се со вампири, се многу квалитетни. Зборам за поновите филмови.
House on haunted hill (1999) The Texas chainsaw massacare (1974) Класиците се најстрашни и timeless, самата атмосфера од 60те и 70те е пострашна и факт дека подобри режисери а и актери имало тој период. И музиката е прејака и од Психо и од Егзорцист и од Сјаење, Вилици, Бебето на Розмари .. На плејлиста ги имам интрава.
Новите хорори имаат подобар звук и визуелни ефекти, а тоа го прават 50% од хорор филмот. Новата технологија прави подобра атмосфера, отколку во класиците, така да атмосферата во класиците е лоша ако ја споредуваш со филмовите денес. Порано луѓето се плашеа од чудовишта и вампири, а во денешно време тоа е психолошкиот страв, како во филмовите The Hereditary, Babadook, Midsommar и сл., но не ги исклучувам и некои други, како The clown in the cornfield, Sinners, 28 years later.
Токму така. Од една страна е Роман Полански во негов прајм, од друга кој и да е, и сега ќе ce докажуваме чиј филм бил подобар. Не проценувам филмови според староста, гледам од секоја ера и новиве хорори се детски цртан за тие некогаш, делуваат ко Том и Џери да се бркаат низ куќа.
Никаква емоција не ми изнуди последниот Носферату, се рамно. Најслаб досега и го копира стилот на верзијата од 1979. Nosferatu 1922 има историска тежина поголема од цел твој список со препораки.
Пошто само хорор филмој е цела категорија. Пинг @RainBow Скроз можи да се изгласа најхорор филм за 2025, ама мој предлог е да имаме засебна тема за то и неколку дена да номинираме филмој и да ги дискутираме зошто сметаме дека треба да се најдат на листата за гласање. И на крај да гласаме од тие предлози/ номинации. Можи истото да се напрај и со поќе категории филмови или генерално 2025 филмови. Го фрлам ова како предлог, мод ќе види дали е возможно.
Ако можете избегнувајте да го гледате трејлерот на третиот дел од The Strangers затоа што ќе покажат кој е Плашилото
Incident in a Ghostland - 2018 Овој ми беше изгледан уште кога излезе, вчера го пуштив пак за да се потсетам. 8/10 Мајка со две ќерки - Бет и Вера се вселуваат во стара куќа полна со морбидни кукли. Уште првата ноќ, во куќата влегуваат двајца натрапници и ги напаѓаат. Начинот на кој умот создава „лажна реалност“ за да преживее е моментот, повеќе е психолошки хорор, мрачен и тежок.