Не знам што ми текна вчера да си го пуштам From Dusk Till Dawn (1996), го немав гледано од дете кога бев, го даваа на локални канали. Јас и братучед ми легнати на тепих, подно греење пука, тепихов прежежок, го гледаме филмов. Многу ми беше страшен тогаш. Крими акција која преминува во хорор. Цело време мислев дека Антонио Бандерас е у главна улога, тоа Џорџ Клуни да ти бил. 9/10, најмногу ради носталгијата.
28 Years Later: The Bone Temple (2026) Приказната продолжува таму каде што застана во претходниот. Заканата и злото не се само заразените, туку и новите форми на опстанок што се развиле со текот на времето. Многу подобар од претходниот, 9/10. Ќе има уште еден дел, се враќа Килијан Марфи, инаку он беше дел од првиот 28 Days Later (2002).
Send Help (2026) Линда и нејзиниот шеф се наоѓаат заглавени на изолиран остров после преживеана авионска несреќа. Авантуристички трилер/хорор, со Rachel McAdams у главна улога. Едно време имав чувство дека е романтична комедија. 8/10
The Whistle Паранормален хорор комбиниран со мистерија. Накратко, група на млади луѓе со звук на свирче повикуваат сила која носи несреќа и смрт.