The Last House (2026) Семејство останува заробено во сопствената куќа поради некаква мистериозна сила, не можат да излезат преку врати или прозорци, а надвор постојано врне. Не ми е класичен хорор, повеќе е преживувачки трилер со хорор елементи, али океј филмче. Имаше потенцијал, идејата ми беше интересна, ама некако ми фалеше нешто, актерите некако неубедливи. 6.5/10
Hokum (2026) Еден писател оди во еден изолиран хотел во Ирска за да ја расфрла пепелта на своите родители. Фолк хорорче плус психолошки трилер, баш ми беше гледлив, константно нешто се дешава, ми задржи внимание. Мене ми е дефинитивно у топ 3 за годинава. 9/10