1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачливи модни комбинации за ниски девојки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од b.o.n.i, 1 март 2014.

  1. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Барав да не има некоја слична тема, не најдов. Ако е дупла слободно во канта.
    Поентата на темата е да се даваат предлози за модни комбинации кои би им стоеле на ниски девоки (отприлика 150 до 160 цм), бидејќи има еден куп прекрасни модни комбинации, но не сите им стојат на ниски девојки.
    Исто така, кои се начестите утки кои ги прават ниските девојки?
    Се надевам дека има мн ниски девојки на кои ќе им биде интересна оваа тема.
     
    На Mimi123, MarijanelaJ, Saricko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Не ми се допаѓа кога носат кратка сукна и получизми бидејќи така ги скратуваат нозете или пак кога ке стават широк каиш на половина ,пример на вакво нешто мислам
    на девојката тука убаво и стои,сликата е колку да видите на што мислам :)
     

    Прикачени фајлови:

    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  3. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    ^ Се согласувам за кратките чизмички и за широкиот каиш.
    Мислам дека треба да се избегнуваат и чевли со ременче околу глуждот. Најдобро им прилегаат чевли и сандали во беж боја, или доколку носат долги панталони, чевлите да бидат во приближно иста боја за визуелно да не се скратат нозете.
    Што мислите дали долги фустани или здолништа со средна должина им прилегаат? Јас многу сакам да здолништа со средна должина (до или под колена ) ама не знам дали би ми прилегале.
    Кортни Кардашиан(152 цм) и Ева Лонгорија (157 цм) се ниски девојки/жени, па може да се добие инспирација од нив:
     

    Прикачени фајлови:

    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Најдов и една блогерка која има стил кој ми се допаѓа. Во претсавувањето кажува дека е околу 153цм висока (добро тоа е разбирливо кинезче е :D ) тоа што го има облечено на неа изгледа супер.
    http://www.extrapetite.com

    Кај нас има една дизајнерка Ирина Тошева, која е малецка, па инспирирана од нејзе не би било лошо да направи една линија за petite women :D
     
  5. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Ако јас си коментирам само, може на некој ќе му користи :D
    Се разочарав скроз од статијава...кога ќе видиш, се треба да се избегнува :?:

    http://www.ladybook.mk/mk/post/4625/Tre ... zbegnuvaat
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    :clap:

    за темава..може да предложите кои со кои бои да се комбинираат и слично...и ја сум кускуле-метар и желба за раст :lol: 158 цм... стварно ми требат совети во врска со модните комбинации :D
     
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Одбирајте вертикални линии
    Кога купувате облека со дезен на штрафти и линии, избегнувајте хоризонтални линии кои само ве шират и визуелно ве скратуваат. Вертикалните дезени и издолжени модели кои ја следат линијата на телото се идеално решение.

    Заборавете ги мини здолништата
    Предолгото здолниште лесно може да ве „проголта“, но немојте да мислите дека премногу краткото здолниште ќе ви го даде спротивниот ефект. Всушност, ако облечете мини, може да изгледате уште пониско, бидејќи тоа ви ги пресекува нозете на најширокиот дел. Идеалната должина е малку над колената.

    Носете тенок колан
    Иако дебелите и широки колани делуваат привлечно, за ниските девојки тие не се најдобар избор. Тенкиот и дискретен колан ќе го истакне вашиот струк, а при тоа нема да направи да изгледате ниско.


    Рамни и тесни фармерки
    Ваквите фармерки и панталнои ја стеснуваат и издолжуваат ногата. Најдобар избор се фармерките со темни нијанси. Во секој случај, избегнувајте ѕвончести и широки панталони.

    Избегнувајте впечатливи дезени
    Големи и силно впечатливи принтови не се препорачливи за ниските и слаби девојки, бидејќи целосно ќе се изгубат во него. Секогаш одлучувајте се за некои поситни детали.

    Се надевам помогнав ;)
     
  8. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Сани Грл ти дури и висока си :D Јас се тешам со Кортни Кардашиан :D :*
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Нозете нека ви почнуваат од половината
    Панталоните и здолништата со висок струк се ваши најдобри пријатели ако сакате нозете да ви изгледаат подолго. Панталоните со висок струк се вистинскиот избор за вас, бидејќи на тој начин ќе додадете неколку оптички сантиметри на вашите нозе.


    Панталоните или чорапите треба да ви бидат иста боја со чевлите. Така ќе создадете илузија дека нозете ви се долги се’ до врвот на прстите. Ако не носите чорапи, препорачливо е чевлите да ви бидат во беж нијанса.
     
  10. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137