Има премногу песни кои ми се допаѓаат, а се препеани и не се оригинални. Дали слушате вакви, што мислите дали преработката може да е подобра од оригиналот? Типичен пример и на нашата музичка сцена е преработката на Ја излези Ѓурѓо од Некст Тајм која што иако не е оригинал навистина е предобра. Еве некои преработки кои мене ми се допаѓаат:
Прва ми падна на памет, ќе се надополнам верувам. Добра преработка на позната песна од познати изведувачи.
Веројатно и оваа спаѓа во преработка. Оригиналната песна е од Шерил Кол, мене не ми се допаѓа. Адел и од најгрдата песна прави ремек-дело.
Да бидам реален, каверот е во мои очи подобар, и осим песнава не го знам бендот. (Michael Jackson original) Уште една исто би линкувал
Прва ми падна на памет... оригиналот е класика, ама оваа верзија ми е помоќна и драматична, мелодијава повеќе го истакнува текстот
Преработката од 2000-та на ATC (A Touch of Class) ми звучи многу попрофесионално и поубаво: Во рускиот оргинал од 1998 година, пејачката како да фалшира малку а и аранжманот е поедноставен:
Каков глас само вади ова мало створче, ми се чини и Ристо Бомбата да го израпува, убаво ќе биде за уши
Не ни знам од кој е оригиналот бидејќи е стара фолк песна и многу пејачи ја препеале ама после врезијата на Џони Кеш, оваа ми е најомилена на сите времиња. Се ежам кога ја слушам.