Форумџика на годината

Прерано созревање

Дискусија во 'Психологија' започната од Marissa24, 10 декември 2010.

  1. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Јас уште од многу мала цело време се грижам и никогаш не си го изживеав детството, бидејќи од мала како да бев веќе созреана и секогаш се чувствував многу повозрасна од моите врсници.
    Што мислите за оваа појава?
    Дали некој од вас истотака прерано психолошки созреал?
    Зошто мислите дека се појавува?
    Не сум имала некои тешки животни услови (сиромаштија, домашни проблеми, разведени родители ит.н).
    Позз
     
    На eliesaab, meganbaby и Inna15 им се допаѓа ова.
  2. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Marissa24 ке се надовразам на твојата тема и ова прашање често сум си го поставувала.Имам другарка која секогаш размуслувала подлабоко,по трезвено од мене знаеше да ги анализира работите да мисли на последиците.Секогаш и признавав дека е понапред од мене.Во одредени ситуации и се восхитувам многу често барам совет од неа или нејзино размислување сакам да слушам.Многу ми е стабилна.Нејзе некогаш тоа прерано созревање и смета и ке ми рече не е убаво и како мене да си.Си ја сакам како другарка често ја давам за пример во позитивно и многу нејзини реченици ми се во главата кој се биле кажани на место и точни.Додека го пишувам ова баш така ја и чуствувам повозрасна од своите врсници. :hai: :hai:
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    и јас сум прерано созреана бидејќи животот така ме натерал, кога бев мала моите беа строги спрема мене а сестра ми беше подива да речам и ја галеа, морав да учам некогаш ни кај другарките не ме пуштаа.
    па имавме тешка сиромаштија и моите мн се караа па правев се да не ги нервирам да не се караат уште повеќе кога веќе имав 11 год отворија приватна фирма каде што летото работев по цел ден а преку година за викенд или дома мораше да средам.
    во средно морав мн да учам и да се борам за да добијам стипендија , победував на натпревари, за да заминам на студии кај што сакав. кога студирав имав 18 г сама во туѓа држава, имав по две работи се грижев за се се трудев да опстанам и емотивно имав дечко кој ме чека внук што само еднаш го видов... секое враќање дома работев, стажирав си имам дом со вереникот се грижам за стан кола се да се плати. и не се чуствувам 23 години се чуствувам старо што значи созреана повеќе од доволно бидејќи воглавно не го правам и не го правев она што моите врсници го правеле/прават.
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Јас мислам дека прераното созревање не е нешто што го избираш - едноставно си принуден на тоа. Јас кога имав 11 - 12 години почна војната во Југославија. Почна инфлација, криза уште поголема, безработица најголема... Секој ден слушавме се полоши и полоши работи....
    Искрено, не жалам што созреав порано. Мада тоа ми правеше малку проблеми во љубовниот живот :D
    Знаеш јас и изгледав и се однесував како доста постар, па кога им приоѓав на девојките од моја возраст или малку помали мислеа дека сум 5 години постар од нив :lol:
     
    На meganbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.543
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа Зоки-поки, не избираш сам. Пораснав со мајка и помала сестра, татко ми почина пред многу години. Мајка ми сите проблеми ги решаваше со мене. Уште на 4 год. знаев се што треба да се знае на 15,16. Кога имав 5 год. мајка ми од работа ја однеле во болница, кога ја побарав една колешка ми кажа што се случило, но да не кажувам на никој дури мајка ми не се јави. Земав торбица и спакував се што треба. Кога дојдоа дома да кажат дека е во болница јас само ја дадов торбата, дури постарите низ дома бараа се. Ова беше само еден пример. За другарките не сум многу интересна, премногу сум била сериозна , но не сум, имам и јас свои моменти.
     
    На eliesaab, srcekrsacka, sanjalica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Сосема се согласувам. Некогаш колку и да не сакаш,едноставно животот те тера да пораснеш, созрееш пред време. Имам многу поминато во животот, многу работи ако не е и 90% од работите кои ги имам поминато не ги знаат другарките и не можат да сфатат некогаш зошто така се однесувам и си имам принципи во животот. Можеби зошто успешно ги прекривам, зошто мн ретко сум озбилна, секогаш се заебавам, ќе помисли некој рози ми цветаат. :| Но затоа пак тука сум секогаш кога им требам за озбилен муабет,а нечесто и мајка ми знае да ми се довери само на мене иако имам постара сестра.
     
  7. Mamy

    Mamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Marissa24 не се секирај дека пребрзо си пораснала , не се чувствувај ,, стара ,, ти имаш искуство кое многу ќе ти вреди понатаму во животот секогаш ќе знаеш како да се дочекаш на нозе. Ќе можеш многу успешно да ги проценуваш луѓето на прв поглед. Јас кога бев млада исто како тебе се чувствував, но сега тоа многу ми вреди од прва можам луѓето да ги дефинирам само со поглед го скенирам и знам за каков човек се работи. Јас од никого совет не сум барала, сама сум се советувала и за дечковци и за друштво и за излегување и никогаш не сум погрешила. Едноставно знаев што е добро, а што не за мене.Често јас делам совети иако не сум психолог. Сега сум успешна во кариерата со стабилно семејство.Позззз.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    И јас мислам дека сум малку понапред од моите врсници , но тоа не значи дека сум најпаметна и јас поседувам моменти кога откачувам . :rofl:
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И јас сум истиот случај.
    I think so!

    Според мое мислење прераното созревање прво е резултат на прочитаната литература.
    Колку повеќе човекот чита се повеќе го збогатува речникот, знае добро да се однесува, пред се‘ културата има некое средно ниво, нема плитки размислувања или ограничени знаења.
    Прераното созревање не е вродено, туку е стекнато во текот на животот.

    Океј ова погоре беше општо за површно созревање.
    Додека за психичкото созревање мора да си поминал низ некое лошо искуство :tmi: и те научил животот некоја лекција.

    На пр. јас поминав низ еден тежок период уште во раните години, губење на личност(не смртен случај) затоа сега научив како да се однесувам кон друг, колку да се зближам и колку да му верувам :fubar: .
    Значи ете го придонесот и созревањето на тој некој период.

    Искуството е најдобриот учител во животот!
     
    На curlygirl, A-j-a и MonnaSi им се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    И јас се чуствувам позрела од моите другарки, исто како Марама не сум им интересна, озбилна сум била ама едноставно таква сум. Не сакам и јас да сум таква ама ете не можам да бирам. На работите секогаш гледам објективно и ги разгледувам од сите агли. Размислувам за се нешто. А баш би сакала да не се замарам со ништо да си бидам како другарките да живеам од денес за утре, ама не можам. Од друга страна ми е убаво што знам да си ги решам проблемите и да излезам на крај, го сфаќам животот за озбилно и подготвена сум за секакви предизвици.
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. katence-britney

    katence-britney Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Jas istotaka mnogu porano sozreav! Bidejki sum pomala sestra, bev prepustena sekogas vo site situacii da se snaogjam, sestra mi e zavisna od nasite roditeli iako e mazena i veke ima dete... Megutoa za toa se roditelite krivi, bidejki se vo zivotot tie i sreduvaa, jas sekogas se sama resavav bidejki nikoj so mene ne razgovarase za moite problemi. Srekna sum sto sepak izlegov na ubav pat, i sega nemam potreba od nikoj, potpolno sum samostojna, naprotiv, sega moite roditeli baraat soveti od mene, iako sepak imam samo 19 godini, mnogu rano vo zivotot imav dopirni tocki so mnogu teski situacii i ja nauciv smislata na zivotot, a vo semejstvoto sekogas me smetaa za nebitna, duri ne ni vidoa deka jas veke porasnav i stanav sozreana vozrasna licnost, za toa se razbudija duri koga se veriv. So verenikot odevme nekolku godini a tie ne ni znaeja za toa, bidejki jas ne go nosev cesto doma, duri dva ili tri pati vo celata vrska, koga nekogas ke me prasaa jas uporno im kazuvav deka da imam decko, no tie potoa ke zaboravea, pa ke mi recea: Pa koj e toj? Zosto ne kazuvas deka imas decko? Koga se verivme mi vikaa: Kako se veri so nekoj koj ne go poznavas? No, koga go zapoznaa USTE EDNAS DONESOV PRAVILNA ODLUKA, bidejki vidoa deka toa ne e bilo koj, toa e nekoj koj me saka, me ceni i se bi napravil za mene... Pa od togas navamu pocnaa da sfakaat deka jas sum
    zrela, iako sozreav pred mnogu godini.....
    [mod-kirilica:3vi3x5dq][/mod-kirilica:3vi3x5dq]
     
    На sj *O* и Izaabella им се допаѓа ова.
  12. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Прерано созреав.
    Постојано бев тивка, не се смеев на глупости, не правев закачки.
    Можеби другите не ме гледаа како зрела бидејки не мудрував или давав совети, но јас тоа го знаев така што секогаш се снаоѓав и никогаш не барав туѓа помош.
    Нив ги сметаа зрели:
    - Е беше физички зрела но немаше 2гр. мозок.
    - В уште на мали години вртеше дечковци, само за мување.
    Единствено јас сфаќав што значи вистински да пораснеш, да размислуваш како зрела индивидуа, но не се гордеев со тоа! Си сакав нормално детство, тинејџерски години со луди ноќи и први љубови..
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Стицај околностите во кои израснав (без мајка) животот ме натера прерано да созреам. Додека моите другарчиња се играа во песок јас гледав на часовникот да одам дома и да ставам ручек зошто татко ми ќе дојде од работа и заедно да ручаме (тој никогаш не се прежени за др. жена). Додека другите се шетаа, јас чистев, перев, готвев, одев на училиште, посетував курсеви по англиски и компјутери....= немав свое детство. Кога појдов во средно кога сите шетаа и лудуваа јас учев и одев на работа приватно кај татко ми. Сама печалев пари преку цела година за да летоска отидам на одмор = немав девојлак.
    Сега кога чувам свое дете, би кажала дека нема да дозволам тоа да му се случи нему што ми се случи мене, скратување на детство, пубертет, беќарлак...
    Тие тешки животни проблеми ме направија тоа што сум сега. Прерано ја сватив горчината на животот ама и станав имуна на било каков проблем. Станав независна и јака. Без цимолење за било што јас успешно се справував....
    Природно е да човекот полека ги живее своите етапи во животот, од раѓање, созревање,осамостојување....умирање. Било какво скратување или продолжување (,,засекогаш дете,, народски кажано) си носи само по себе блага или јака последица.
    Баш вчера прочитав, дека жените повеќе ја користат белата маса од мозокот за разлика од мажите и затоа порано созреваат :)
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Поради извесни околности (обично грди околности) прерано осознаваме некои работи, како функционира светот, животот, ништо не е розево и фер како што сме наумиле...

    Да, прерано созреав и осознав горчливи вистини, на моменти ми е мило што е така, на моменти ме нервира зашто не можев да си го опуштам мозокот и да се будалеам безгрижно како што доликува на мало девојче или тинејџер, сеедно.

    Многу црно-бело се сфаќаат работите, под безгрижно будалеење не подразбирам скитање, пијанчење, правење белји, просто сакам да илустрирам безгрижно детство, во кое не морало да се грижам како ќе преживееме од 1ви до 1ви со мои 7 годинки, или како ќе си ги платиме сметките, самата доброволно да се откажувам од половина од екскурзиите, зашто сум била свесна дека немало, дека таму некаде се води војна, дека татко ми може да го пратат, а ако недај Боже не се врати, дали ќе треба да продадеме нешто за да преживееме сами со мајка ми и како мајка ми ќе преживее сама, без маж, а јас без татко, и дали роднините од негова страна ќе не сакаат подеднакво како и претходно или ќе ни свртат грб...

    мислам ало, СТОП!
    Премногу е ова и за возрасен, а камоли за дете.

    Моето ќе гледам да си го заштитам, дури и по цена да е троа тупичко.
    Не мора да знае се' за грдосијата на светот, сам/а ќе си ја увиди, со време.

    Понекогаш навистина ignorance is bliss.

    Затоа денеска, поради менталното психотично измачување на мојот кутар напатен ум на времето и сите проплакани солзи за грдосијата, сивилото и неправдата околу мене, ги наплаќам со што е можно побезгрижно суштествување, стрес фри, релаксација, опуштање, насмевка и мотото - As long as I'm ok, I really don't care about anything.

    Мора, за да се постигне баланс. ;)
     
    На Strumfeta93 и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  15. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Созреав рано затоа што животните околности ме натераа на тоа, сега тоа во одредени ситуации ми смета затоа што поинаку гледам на работите и животот од другите мои врсници и тие не ме сваќаат и разбираат , но во одредени тешки ситуации понекогаш и самата се чудам како реагирам трезвено , приземјено и зрело. Тоа ти е животот и искуството .Се лутам што морав да се одречам од многу работи во животот кои другите ги правеа , а јас морав да се грижам за на семејството ништо да не му недостасува додека мојата мајка е болна .
    Си ветив дека кога ќе имам свои деца нема ништо да им недостасува и ќе го живеат детството безгрижно и како сите други деца.
    Ми смета луѓе ми смета остарев пред време .
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Да, понекогаш се чувстувам ептен отфрлено, затоа што сум позрела...Се чувствувам како никогаш всушност и да сум немала детство... Секогаш бев неколку години понапред од моите врсници...Ми се случуваа работи, кои сама сум ги решавала, а моите врсници не би ни помислиле дека може нешто такво да се реши...Емотивно сум била секогаш позрела, и...сум се чувствувала како да не припаѓам овде :)
     
  17. Pretty.kejt

    Pretty.kejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    И јас созреав прерано за разлика од моите врснички, едноставно некои случки ме натераа на тоа, уште на 5 години бев напуштена од мајка ми која никогаш не ме сакаше и до ден денес ми прави само проблеми, и јас живеам со татко ми, и баба ми, дедо ми умре, чичко ми и татко ми се испокараа еднаш и чичко ми си отиде од куќата, потоа татко ми најде нова жена со која требаше да се венчаат таа многу ме сакаше и таа имаше помала керка од мене 2 години, но баба ми пукна од љубомора и направи се за тие да се расделат и така и се случи а еднаш татко ми ме викна да испаднам со него и жената и јас испаднав а кога се вратив баба ми почна да ме навредува бидејќи не сум размислувала како што треба и ме испади од дома мислам од незјиниот кат во куќата и сега живеам со татко ми на др кат, а тој само за кучето се грижи за него душа дава а на мене знае да ми вика колку сум неспособна дека не вредам ништо дека се срами од мене и дека требал тој да има син, кучето е неговиот син, тој еднаш се обиде и да се самоубие, пријателките ме сметаат за многу чудна бидејќи сум секогаш сериозна, бидејќи не се закачувам и не оговарам , бидејќи никој немам навредено во животот и не сакам бидејќи знам како е, и сето ова го преживеав до сега значи сега јас сум 14 години, дома се мора да си правам сама да си пеглам перам , да си правам јадејне, дома во оваа куќа секој си е за себе, на никој неможам да се исплачам и кога ми е најтешко и никогаш не сум го направила тоа бидејќи веднаш помислуваат дека сум плачка, кога ќе испаднам со оние поблиските другарки тие секогаш ми зборуваат дека сум изгледала на постара личност и дека сум размислувала така....уште од 7 години ме носеа во социјално и таму тие исфрустрирани никакви...како да кажам незнам..ме мачеа, татко ми дома мораше да ме учи да лажам за да ги надитрам нив, а потоа ми зборуваше дека не сум знаела ништо не сум знаела да се спротиставам па до бога што може да знае 7 годишно дете....е уште од тогаш јас созреав, сакала или несакала морав а сега колку само жалам за изгубеното детство... ;(
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Кај мене се случи обратен редослед на настаните. Кога бев малецка моите работеа по цели денови, одев во градинка до 5-6 години, и плус ме чуваа баба ми и дедо ми, после тоа веќе само ме земаа од забавиште/школо и ме оставаа дома. Значи на 6 години јас веќе знаев да си направам јадење, знаев да си ја исчистам собата, миев садови. Потоа татко ми се разболе состојбата се повеќе се влошуваше, мајка ми беше се повеќе нервозна. Никогаш не биле сложни за ништо, дури ако едниот рече ова е црвена боја другиот ќе каже не жолто е... не сакам да обвинувам никој за ситуацијата во која сме сега ама реално се и двајцата криви. Ок, татко ми не е крив што е болен, ама и кога не бил се однесувал исто себично. Мајка ми од секогаш прво го гледала нервозниот начин да се решат работите и едноставно се тоа си се собира. Можеби имав некое детство искачав си играв со другарчињата, после кога потпораснав пак си излегував во маало, па во дискотеки.. Тоа сум го имала, ама знаете некоја внатрешна празнина си се ширела кај мене. Никогаш во пубертет не сум вриштела не сум се трескала од земја, секогаш сум била приземјена едноставно посозреана. Сега на пример мислам дека нема поголемо дете од мене, и тоа сум сигурна дека е резултат на тој неизживеан период. Јас засекогаш ќе си останам дете, на моменти јасно гледам каква е ситуацијата, во други моменти се лигавам и се понашам ко 5 годишна. Не знам ни сама да се опишам, чудна сум, чудни се околностите во кои живеам, порано имавме многу, сега малце е потешко. Ама што знам, има и многу полоши работи свесна сум за тоа. Едноставно нека си тече се како што треба да си биде, умерено. Можеби сакав малце побезгрижно и помирно детство, го немав ама затоа тоа ќе го има моето дете, ако имам деца :) Мислам дека за се се криви родителите, еве сега ги обвинувам, што и да се случи, значи буквално било што, никогаш не смеат себеси да се стават на прво место. Ништо не е совршено, кај некој е подобро кај некој е полошо ама еден возрасен човек не смее да дозволи неговото дете да пати поради тоа што тој не може да се сноси со предизвиците на животот. Ете тоа е проблемот, затоа ќе има и прерано созреани и вечно недозреани деца.
     
    На zizela111 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Моето „прерано созревање“ е резултат на многуте прочитани книги барем јас така мислам. Додека другите мислат како да ја прескокнат следната лектира јас веке ја имам прочитано и веке имам земено друга книга. Читајки ги сите тие романи некако почнав да се однесувам поинаку. Почнав да пазам на зборовите никугаш не ги навредувам другите и знам доста интересни факти за се и сешто. Сега незнам дали ова се нарекува „прерано созревање“.
     
  20. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    искрено, јас не сум прерано созреана туку посозреана мерено на вага со девојчиња на моја возраст.
    денес и не е толку тешко да се увиди од два реда муабет кој е созреан кој не е зошто повеќето и не се.
    не сум имала воопшто тешко детство, моите имаа пари доволно за се, радосно дете сум и имам друштво односи со моите се ми е океј, мајка ми е потенцијален родител за израснување на лигави и разгалени детишта, проблем што секојдневно живее со мене и јас сум израсната со реченицата. '' браво сонце мамино, ти си мојата гордост, најдобра си итн." ама ете јас не биднав излигавен и разгален тинејџер што незнае што сака, никогаш не излегов надовор да играм што е многу својствено за сестра ми, која што размислува 5 години уназад. и јас мислам дека е природно,ама и начинот на живот влијае.
    јас немав потреба, а секогаш се грижев за се околу мене и така е до ден денешен, секогаш размислувам за своите постапки место едноставно да се препуштам па што се случи случи, длабоко размислувам за се, тоа некогаш така ме гуши и тешко ми е, ама кога ќе видам што можело да се случи си викам подобро што размислив :)