Форумџика на годината

Преселба од Скопје во внатрешноста поради работа по струка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Marte1997, 5 април 2022.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па не е џабе најубава населба јас ако се прашувам :)
    Додуша зборам за стариот дел, овој кај Блаже школото на ништо не личи веќе...
    Иако сум за да се пренаменат старите бараки нека е и за згради, ама можеше многу поубаво да се изведе, она сега е ужас, џунгла.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Цела скопска црна гора на пример, Сопиште натака таа страна, каде што живеат луѓе а има природа :) па тоа е голем град, мн јасно нема у Дебар маало да одам да се релаксирам ако сакам ливади:D
    Ама дека има Скопје се, има. Бар за мене:inlove:
     
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Зборуваме за секојдневен живот, не за релакс 2 саата за викенд.
    За секојдневен живот ако живееш во Скопска Црна Гора, прво не си во Скопје, второ со среќа за превоз за деца и слично.
    И јас знам да идам куќа во природа да си направам, ама утре децата ќе нема како во школо да ми идат во државава. Да не зборам дека некаде сеуште нема основна инфраструктура.
    Тоа што за тебе е предобро Скопјево не значи дека објективно е добро за живот :)
     
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Не сум во сцг ама не е крај на свет и тие деца учеле и основно и средно и работат. Боље од некое село во ск да идам 20км до центар, отколку од Велес до ск да идам да речеме:D
    Или да живеам во мал град.
    Мене ми е добро за живот тука, а и да не беше немаше толку да е населено.
    И не знам како не се во Скопје овие села, па тоа си е факт.
    Ама веќе не сме на темата така да не е потребна дискусија
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Апсолутно неточно.
    Населеноста е врзана исклучиво со работните места за тие кои не успеваат да заминат во странство, не со квалитет на живот. Ко во друг свет да живеете, не знам каков квалитет на живот гледате во Скопје стварно, освен еден куп болести на старост што ќе имаме сите од контаминација на вода и воздух.
     
    На IRBBB, winnie02 и Annath им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе настапиш одма со ова, не сметам дека доаѓаат за работа само во Скопје. :)
    Зошто пола плата ќе ти оди на кирија, така да подобро тогаш со помала плата во друг град отколку во Ск да ја трошиш пола на кирија и сметки.
    Сум живеела една година во Штип, за мене мал град е гушење нема каде да одиш едноставно.
     
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не те разубедувам ништо, чисто ме интересира. Што ти менува дали од Велес ќе патуваш до Скопје или од Ракотинци, Побожје кое и да е?
    Можеби само воздухот е почист. Во Велес бар продавница имаш леб од сабајле да купиш. И не, не живееш во Скопје, далеку се тие места од Скопје реално. Мене од Аеродром до Автокоманда да отидам ми се плаче, 20 минути мостот го поминувам.
     
    На Celltica и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од Скопје и морам да кажам дека кога ќе отидам се приметува повисокиот стандард на живот и тоа ми се свиѓа. Навистина не е толку лошо како што мислите, сигурна сум дека на вас што живеете таму ви е преку глава, ама реалноста е дека има преголема дупка меѓу „модерноста“ на Скопје и било кој друг град во Македонија. Не е ич за потценување.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Шо е со заљубеноста во Скопјенце ја не знам. Една од ретките убави работи околу Скопје ми е носталгијата за пред 20 години. И секоја прилика да не одам во Скопје ја користам.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам навикнато гужвите не ми сметаат, може ете 1%не ги перцепирам веќе:D
    Боље ми е да возам на пластичарска него на партизанска мене.
    Од центарот на Скопје се далеку.
    Па не е работата сите да се напикани у центар се да ти е на 5мин и што?
    Мене не ми е хендикеп да живеам во населба на 10км од Центар
     
    Последна измена: 17 април 2022
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ама вие изгледа не разбирате дека луѓето не доаѓаат по поголема плата, туку уопште да имаат работа.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Епа пак ќе дојдеме до тоа дека животот во Скопје севкупно е подобар отколку во малите градови.
     
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе реално да збориме животот во странство е некаков пристоен живот, за во Македонија кај и да си, проблемите се општествени.
    Јас уште стојам на ставот дека практично приморана сум во моментов да живеам во Скопје.
    Да можев да работам онлајн или да имав работа, немаше два пати да помислам да идам во друг град ако веќе моменталните прилики ми се такви да не можам во странство да идам.
    Сите работи ти здосадуваат после 2 години живеење некаде, едноставно ми нема значење дали имало Бершка и кино. Може да има разлика за помлади, ама кога ти се мењаат приоритетите во животот, Скопје е поприлично лош град за живот :) Пошто секако немаш време нешто многу, 100 саата патуваш во денот :D
    Оти прекрасна инфраструктура има :D
     
    На IRBBB и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Леле што збориш? :D Уф кога би можела така. А може и до мене е. Јас кога бев слободна во смисла без дете ништо не ми сметаше. Сега не можам да дишам, сакам природа, сакам тишина, не сакам гужви. Убаво ми е тука, преубаво, си ги сакам паркчињата, седенките со пиво и друштво на клупи ама многу би сакала и куќа со голем двор во некое градче или селце.
    И ноќниот живот ми е безвезе, ептен. Порано сектор, хавана, маракана и тоа па тоа. 1212 пред короната што искачав дека блиску ми беше ама ултра досадно за мене. Се ми е досадно :wasntme:
     
    На Anie93 и stjepan им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Дека си во убавиот дел на Аеродром :D :inlove:
    И мене ми беше како дете убаво ама сега таму кај што шетав нема веќe паркови :D
    Да не зборам дека ако си во дел кај што се гради, не само што ќе се надишеш азбест, лепаци и прашина, туку имаш и вечни другарчиња бубашваби после што се раздвижуваат заради градењето :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    И после 28години мене ми е убаво за живеење, не ми е здосадено, имам буквално се што ми треба и работа и семејство и места и активности и се што сакам, не би се селела надвор од Мк иако имам прилика и за тоа. Ама секој различно си го доживува анд итс океј
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Може и јас со дете ќе бидам ваква:?:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    19.570
    Пол:
    Женски
    Скопје е најзагадениот и најгласниот град во целата планета!
    Можам да кажам дека да не е сконцентрирано све во Скопје од болници до моливи (поголем избор и прилики)јас никогаш не би стапнала таму, а луѓето се присобрани од насекаде благодарение на друже тито што на времето им дал бесплатни станови е баш тие ти се најископлексираните што глумат стари скопјани и имаат најмногу против провинцијалци
    Бегајте што подалеку од скупје
     
  19. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво, размислувам за преселба ид Скопје во помал град во Македонија заедно со детето 2год и сопругот. Од Скопје сме двајцата и сите роднини ни се тука па немам блиски луѓе по други градови каде би имала некој свој или било каков имот за полесен почеток, така да ништо не ми менува конкретно каде би одела. Имам желба да е по јужно, конкретно Богданци сум била два пати и сум многу позитивно изненадена и би го земала во опција. Ми треба искрено мислење на жени кои живеат во помали градови каде нормално може да се функционира, да има градинка, педијатар, општ доктор и слично. Секој совет и мислење е добро дојдено, Благодарам!
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас сум преселена од Скопје во помало место. Јас сум во Западниов дел, не можам да ти кажам баш за тој дел кај што се интересираш, ама ќе ти кажам од моја гледна точка.
    Мене на пример ништо не ми фали. Македонија е таа. Може е потешко за наоѓање работа и толку, ама па познавам овде доста луѓе со одлични кариери, а во Скопје познавам другарки што едвај до интервјуа стигаат, не па до работа. Така да и тоа е релативно.Се друго реално, барем мене ми е исто. Да, ми фали понекогаш Скопје, зошто сепак таму сум родена и порасната, ама се друго е исто.
    Мене лично за упис во градинка ми е лесно. Никакви врски не фативме. Езерото ми е тука, зима/лето за шетање (бањање, плажа) е одлично. Најмногу што ме нервираат се гужви, така да надвор од Скопје се помалку, што значи мене ми одговара. Кафичи, ресторани, пицерии, колку сакаш има. Може има одредени недостатоци, ама јас знаев на што се нафаќам и со други предности се пополнуваат тие недостатоци.
    Ако не си многу поврзана со фамилијата, мислам дека лесно би се прилагодиле.
    Со среќа што и да одлучиш.
     
    На SenzeRR му/ѝ се допаѓа ова.