Форумџика на годината

Преселба со деца во странство при развод

Дискусија во 'Брак' започната од Indianka, 1 декември 2024.

  1. Indianka

    Indianka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како можам да се преселам во странство со моите деца? Моето семејство е во странство, сестра, мајка итн. Но имав несреќа да се земам и родам деца во Македонија. Одамна ме викаат да се преселиме таму, во почетокот и маж ми сакаше, но потоа се смени, се промени, нашиот брак се распадна, па сега сме на раб на развод. Сакам да се преселам со децата кај моите во странство, но маж ми не ми дава. Дури и при развод ми рече ќе ми забранел да ги изнесам надвор. Дали има начин и како можам да си отидам од него кај моите? Морам ли да чекам додека децата направат 18год? Иначе се многу мали, уште се во градинка. Не сакам животот да ми е на стендбај и уште 15години да живееме во пекол, со него, во државава што се распаѓа со загадениов воздух, со минимални плати, сама, кога сакам да си одам кај моите да ми пружаат помош, на запад, цивилизирана држава со ред и мир... не знам дали има можност некако или само се лажам?
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.170
    Пол:
    Женски
    Другарка моја се пресели во Америка, ама потпиша таткото. Мислам дека тешко дека ќе ти дозволат да се исселиш со децата сама, а и реално не е фер, тој тебе не ти се погодил ама на нив им е татко. Ќе мора да доаѓа еднаш годишно да се гледа таткото со детето, најмалку 2 недели да поминуваат заедно. Инаку 4 години се натегаа, таткото не ни беше ко што треба, ама не потпишуваше и во Социјално беа упорни дека тој е татко и тоа му дава секакво право да не дозволи. Скотот се продаде за алиментација, за да не плаќа.
     
    На mira.mira, Antebellum и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Прво пресели се па после разведи се. (Ако си во мжност така да се избориш.)
     
    На Fenix05 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  4. W@nda

    W@nda Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Ти можеш да заминеш на гости или посета кај твоите и ете да испадне за трајно да е тоа таму ама како и да е секогаш ќе остане нерасчистено тоа помеѓу тебе и него. Така што мораш некако да пронајдеш начин разумно како двајца разбрани и возрасни особи да искомуницирате и се договорите околу се развод, деца и се останато. Децата колку се твои и ти си им нивна мајка, толку се и негови и тој им е татко.
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Ако не даде таткото согласност нема да можеш да ги земеш со себе ако се преселиш. Децата се негови исто колку што се и твои. Некогаш тоа не е фер, ама интересите на сите треба да се заштитени според закон.
     
    На mickey18, Mumoftwo30, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Тој е татко на децата и во секој случај е важна неговата желба да си биде блиску со децата. Бракот се распаднал ама децата му се деца.
    Пробај исплати го, договори се ти да му плаќаш нешто, струја, вода, 200 евра месечно неколку години. Ама смирено да си се договориш пошто во бракот сте двајца и на двајцата не ви е убаво, ама децата ќе ве спојуваат и после смртта.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.