1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преселба

Дискусија во 'Дом' започната од Alexandraaa123, 18 јуни 2015.

  1. Alexandraaa123

    Alexandraaa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Девојки имам голем проблем. Ке ви раскажам на кратко. Мојте дома решија да се селиме поради проблеми и кавги бидејки живееме во ист двор со чичко ми. Трае подолго време и на мајка ми веќе и дојде преку глава. Да не објаснувам многу долго, ситуацијата не е сјајна но не е и толку трагична како што ја доживува мајка ми. Пробемот е што ке се селиме во куќата на баба ми што буквално е на другиот крај на Скопје. Јас не сакам да се селам на моиве 20години. Тоа е преголем психички стрес за мене. Прво тука сум цел живот и сите блиски ми се тука. Дечко ми е на 5мин од мене. Заедно сме цело време благодарение на близината. Тоа не спои премногу. Разговарав со мајка ми и објаснив но не ме разбира и пак си тера по свое. Куќата на баба ми е во П.М. далеку од секаде. Што да направам ке полудам ке ме раздели од сите. Ке немам ни другарка за домашно кафе, тераса, седење во маало, со дечко ми сигурно ке се расипат односите итн. Едноставно попрво ке се убијам него да се преселам. Сама да ме остават да живеам во оваа куќа нема шанси.. што да правам ;(;(;(
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    За почеток да пораснеш и да созрееш. Велиш имаш 20 год, а пишуваш ко да си на почеток на пубертет.
    Ако дечко ти не го држиш со синџири и ланци и не му досадуваш секој ден, тогаш немаш потреба да се плашиш дека ке ви пропадне врската. Другарките со кои го пиеш кафето можеби и не ти се другарки, но ти си знаеш најдобро. Ако и тие те сакаат и почитуваат и за нив нема да биде проблем вашата далечина и вашето пријателство. Тој што те сака и почитува ке најде време. Денес е лесно кога имаме ваква технологија. Фала богу во ск имаш редовни автобуси за секаде. На крај не се селиш на другиот дел од светот, туку на др крај од градот кој и не е така голем.

    А дали ти вака како ептен себчна, си помисли ли бар на момент како и е на мајкати? Дали ти мислиш дека таа може од такви семејни проблеми да заврши на нервно? Ако недај Боже тоа се случи, дали мислиш дека дечко ти и другарките твои ке бидат тука за тебе? Дали си се запрашала зошто твоите не те оставаат на 20 год да живееш сама? Сигурно има добра причина, а најверојатно одговорот е во мојата прва реченица од текстов.
    ФМП
     
    На Valerin, JollyGirl, anakonda88 и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Alexandraaa123

    Alexandraaa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Вака.. Морам да објаснам малку попросто соодветно на твојот памет.. Прво од каде е тоа дека го држам дечко ми со синџири и ланци и дека му досадувам секој ден? Од каде знаеш ти каква е ситуацијата помеѓу нас? Јас и дечко ми сме од малечки заедно и не можеме ни половина час разделени, а ако јас се преселам на другиот крај на градот нема да можеме да се гледаме два пати неделно поради финансиската состојба и на двајцата. Како може да кажуваш дека другарките не ми се другарки? Од бебиња сме заедно, и точно дека ке продолжиме да се дружиме и по мојата преселба,но нема да биде тоа што било до сега, заедно по цели денови и правење се заедно. Цело маало сме како едно и сигурно дека ке ми биде многу тешко коа ке го почнувам денот без нив. Без потребно ти објаснувам тебе бидејки по твојот ПРОСТ одговор ми делува дека ти си таа која што нема вистинска љубов од дечко и другарки/другари. И горе напоменав дека ситуацијата не е таква како што ја доживува мајка ми. Имам и татко и сестра кои што исто така се жртви на одлукава на мајка ми бидејки на татко ми работата моментално му е само со еден автобус, а така би му било со два и + пешки одење.. Мајка ми е таков карактер што иако ми е мајка она е себична и си гледа само за себе. Она одлучила да се сели, без да не сослуша сите нас. Така да те молам немој да пресудуваш и да си зборуваш на памет кога не знаеш . Поздрав
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Со болдиранов текст само покажа дека си големо дете.
    Ако очекуваш да те посоветуваме да ја рашлакаш мајка ти и да речеш оваа половина куќа е моја, тогаш жал ми е. Ова е форум ти побара мислење и си доби. Да останувам на тоа дека и твоите не те сметаат доволно зрела штом не те оставаат да живееш во вашата куќа. Девојки на твои год идат од други градови на студии без никаков проблем.

    За крај ке ти посакам да ти даде животот такво исполнување и на љубовен и на пријателски план како мене, па и ти да бидеш исполнета до бескрај.
     
    На MilaP, samovila.red., bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    @Alexandraaa123 Не е крај на свет. Семејството треба да се држи зедно и во добро и во лошо. Престани да си ги гледаш личните интереси и однесувај се малце позрело на твои години. Ние родителите понекогаш не откриваме се пред децата, за да ги заштитиме. Од кај знаеш што е вистинската причина. Знаеш колку семејства се имаат испоубиено за нерешени имотни односи. Поддржи ги своите родители, зошто мислам дека и немаш некој избор. Плус ќе ја откриеш јачината на врската со твојот дечко. Доколку навистина те сака, далечината не значи ништо. Можеби у П.М ќе си најдеш ново друштво, па и нов дечко. Секое зло за добро.
     
    На girl-miri, Annath, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За почеток контролирај се мисли што пишуваш иако незнам колку имаш капацитет за тоа бидејќи некој да размислува вака на 20 години ми е многу трагично во 21 век...
    Убаво ти кажа @okcenzi ,незнам што правиш во твојот живот иако од ова што си пишала се гледа дека не правиш многу,девојки на твои години и помлади го пакуват куферот и без проблем и цимолење заминуват да студират а богами и некои и да работат во други градови или држави,оделени од семејство, пријатели дечковци и што?треба да се откажат од сето тоа бидејќи нема како до вчера да пијат кафе на тераса со пријателките и да се држат со дечковците за рака 24-7?девојко ти сериозна си?имаш некои амбици во животот или само ова ти е амбиција да не ти се наруши твојот маалски конфор,ужас...
    Мајкати штом одлучила да се сели сигурно не е од себичност,можеби ситуацијата навистина станува неподнослива,ама ти не гледаш подалеку од твојот нос и од твојот мал конфор па мора тоа да го толкуваш како себичност,ако одлучила дека е време за селидба можеби сака да спречи некои поголеми кавги или трагедии во фамилијата не си размислила на тоа?мора да мислиш колку автобуси ќе смениш дури да стигниш до дечкото твој а не е важно дома што кај вас е пекол...
    Ако сте биле заедно од мали со дечкото ок што треба да значи тоа, вие не сте сијамски близнаци ни верени ни во брак па да не можите да се одалечите во ИСТ ГРАД ќе бидите пак што е толку трагично незнам,луѓето опстануват во врски и во различни градови и држави дај пораснете 2та,и без цмизрење тој што сака да види некој ќе најди начин па така и вие и за една карта автобуска да купите сигурно имате и 2та,понекогаш животот не става и на тест и секакви работи се случуват кои мораме да ги издржиме...
    Не треба да мислиш на твоите мали себично потреби туку да разговараш дома и ако навистина подобро ќе живејте БЕЗ КАВГИ на друго место треба сите дома еден со друг да си дадете подршка,согледаја ситуацијата од сите страни а не само од твоја.Луѓе на твои години преминуват се справуват и преболуват многу поголеми и по трагични работи цврсто стоејќи на земја а ти со твоите 20 години неможиш да се справиш со една обична преселба во ист град смешно...И да ако сакаш да споделуваш проблем и да бараш мислења на форумот треба да си бидиш спремна на секакви мислења и да ги почитуваш,моето мислење е многу прсто за тебе за разбирање...
     
    Последна измена: 18 јуни 2015
    На JollyGirl, samovila.red., beatriz и 10 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Александра, од убавини никој не бега. Фамилии очи си вадат заради нерасчистени имотни односи. Мајка ти во овој момент можеби постапува најнесебично, затоа што решава да се отсели од сопствениот дом, само за да не настанат поголеми расправии и проблеми. Битно е да има мир во куќа. Во истиот град си, нема потреба од толку голема паника. Луѓе во странство се селат, фамилиите со години не си ги гледаат, одржуваат врски на далечина. Тука сте, блиску сте, не се оптеретувај.
     
    На samovila.red., glosipgirl, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  8. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Кој може да ти каже каде да живееш ти си возрасна личност со сопствено право за донесување на одлуки. Доколку сакаш да живееш таму разговарај со чичкоти доколку тој се сложи да живееш таму нема да има никаков проблем. Или евентуално ако чичкоти не сака земи стан под кирија близу до куќата на твојот чичко.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @Alexandraaa123 Твоето мислење во форма на проблем ни од далеку нема значење на негативни случувања во споредба со ситуацијата во која се наоѓа твоето семејство, посебно мајка ти. На никој не му е лесно да донесе животна одлука од типот на преселба во друг објект, населба, околина особено кога тоа не доаѓа како резултат на сопствена волја и желба. Семејната хармонија е основа за здрав и нормален начин на живот од кој произлегуваат сите останати параметри за раст, развој и себепронаоѓање во општеството. Не можам да ја разберам твојата себичност и начин на незрело однесување во моменти кога треба да им бидеш поддршка на твоите родители. Отсуството на самодоверба и лабилност може да ти бидат пречка за понатамошен просперитет во животот. Ова е еден вид тест кој треба да го решиш сама за понатаму да бидеш истрајна во се соочувањето со посериозни ситуации кои ги носи животот.
    Ако на некој му е тешко, тоа е твојата мајка. Таа најдобро го знае патот што го поминала за да создаде нејзино тло и по долго време да се враќа назад и да почнува од почеток. За твојата возраст се уште не си развила чувство за потреба од одржување на семејните односи. Се што се случува, почнува од семејството. Затоа треба да сфатиш дека проблемите може да имаат подлабока генеза која родителите најдобро ја знаат и во вакви ситуации се однесуваат нагласено заштитнички кон децата. Иако и ти припаѓаш во светот на возрасните не можеш да ги разбереш од причина што не сакаш и примарни ти се твоите интереси и потреби.
    Наместо да очајуваш за некој и за нешто, повеќе да го насочиш вниманието кон родителите и да им бидеш поддршка.
    Тие секогаш ќе ти бидат потребни и се што прават е за твое добро. Со вакво однесување на дваесетгодишна девојка, не дозволувај да биде доцна за да сфатиш дека е така.
    Со добра организација, се може да се усогласи и направи. На тие што им значи твоето пријателство и љубов можат да најдат време и начин за да се видите каде и да си и каде и да бидат.
    Многумина успеваат и светот да го пропатуваат, па повторно се тука за своите најблиски.
    Од тие причини, воите оптоварувања во вид на "голем проблем" се непотребни во целата ситуација.
     
    На Cka, Nausicaa, glosipgirl и 7 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Нормално е да има отпор кај секого, бидејќи ти се руши животна рутина.
    Но, стави се во улога на мајка ти...
    Нели ти е жал за неа ??
    Ништо страшно нема да се случи..ке помине време, ке се адаптираш на ,,новата дома,,
    Ееее луѓето држави менуваат оставаат се зад себе па не се паничат.
    А за тебе да ти биде подобро на душата...ке се сместиш во куќата кај баба ти, па ке си направиш свое катче, па ке си ги викнеш другарките, па дечкото...да видат каде живеш..
    Секој дом си има своја убавина
    Не бидете очајни и не барајте проблем таму кај што го нема !
    Знаеш ли што уште те чека во животот понатака ..??
    Вака ли ке паничиш и кога ке се мажиш ??:D:D
     
    На samovila.red., crazylady, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    Не ќе биде лошо прво да созрееш воедно со годините бидејќи по она што си го напишала дефинитивно мозокот ти касни некој 6/7 години од реалните 20 години што ги имаш а тоа што со дечкоти сте израснале заедно од мали не преставува проблем да се сакате и имате лјубов и да сте 1000 км раздалеќени. Оправдувањата и причините твој навидум преставуваат смешност за една тинејџерка но кога ќе се продалбочи човек ќе види дека не е смешно туку за жалење какви се не размислувања ќе се прочита од младинава а потоа бараме стабилна држава и систем со кого.
     
    На Cka, okcenzi, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Муабетов држи вода само ако девојкава сама заработува и може сама да живее и да се издржува. Ама од она што го напиша во темава, не верувам дека е така.
     
    На Valerin, okcenzi, samovila.red. и 4 други им се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Да се сложувам со твоето мислење.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Се селеа моите 5 пати.Од една држава во друга,па од еден град во друг.Па три населби смениа.Променив десетина училишта,маала,говорни подрачја и што ти не и ете ми здрава права.А и моите се стабилизираа си најдоа свој мир онаму кај што се чувствуваа најдобро.
    Ми опстанаа голем број на пријателства.Другарка се пресели пред 7 год во Америка и се уште сме блиски како пред тоа.Вистинските пријателства не умираат поради преселба.
    А и со дечко ти нели ви е монотоно да се гледате секој ден во исто маало?
    Може вака ке ви се зацврсти врската,ке откриете нешто поинтересно мегу вас кога ке почнете да си недостигате.Осамостали се.Не ти требаат ни дечкото ни другарките да ти се прилепени 24 часа седмично.

    И не врегај одма како ние другите не разбираме или немаме љубов.Имаме и љубов и искуство со вакви ситуации ;)
     
    На marama, bittersweet, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако со другарките ви е чисто и искрено другарството, а со дечко ти љубовта јас верувам дека ќе опстојат па макар и на другиот крај од светот била. Разбирам дека е тешко 20 години си живеела на едно место, сега на друго и ти е тешко, пред се за навика се работи. Ако куќата е на другиот крај од Скопје, не е на другиот крај од Македонија. Не треба да бидеш себична во вакви ситуации, другарките можат во секој момент да те шутнат, дечкото да те остави ама семејството е тоа што секогаш ќе биде покрај тебе. Во новото маало сигурна сум дека ќе стекнеш нови пријателства и таму ќе ти биде убаво, не гледај толку негативно на работите. Освен тоа има фејсбук, телефони и триста чуда така да во кое време сакаш можеш да ги побараш и да си пишувате/муабетите.
    И од каде знаеш ти каква е вистински ситуацијата? Ти си сега заслепена по дечкото и другарките, и за друго ниту ти се види ниту ти се чуе ама мајка ти е жена дупло повозрасна а и позрела од тебе и чим решила дури да се селите сигурно дека работата е сериозна и тоа не малку. Нема потреба од бурни реакции и ароганција. Побара совет Окцензи и другите убаво те советуваа.
     
    На Nausicaa и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Александра, ако мислиш дека одлуката на мајка ти е погрешна и дека и сестра ти и татко ти го делат твоето мислење, треба да разговарате со неа. Можеби таа е толку фокусирана на проблемите со фамилијата на чичко ти па не може да види дека греши. Ти имаш 20 години, јас сум сигурна дека имаш капацитет да разговараш со неа како созреан млад човек. Ако мајка ти е сама дома преку ден, можеби има некои други проблеми со таа фамилија кои ти не ги знаеш. Ти велиш дека мајка ти е себична, па моето прашање е дали она знае дека ти, татко ти и сестра ти не се согласувате со неа? И дали ти ги знаеш сите причини зошто таа толку сака да се сели? Замисли ти на 20 години не сакаш да се селиш под изговор дека цел живот ти е таму, замисли на мајка ти и татко ти како им е, тие сигурно подолго време живиеат во тоа сосесдтво од тебе.
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Де бе дете што го напраи Скопје па не е Њу Јорк мајку му стара па до толку да се драми.Од кај и да тргнеш за 15 мин си во Центар,автобуси имаш на 15 мин ,такси исто.. Живеам во Центар најдобрата другарка во Ѓорче па пак се гледаме,другата во аеродром трета во кисела вода ..Сум имала дечковци од Ново Лисиче ,Радишани ,Хром,Карпош па живи сме останале сме се гледале ако не секој ден секој втор ден.Врските супер ни функционирале чак и боље него секој да си гугаме по цели денови како млад брачен пар.

    Сигурна сум дека е тешко ама се е ствар на навика.Па од кај знаеш може и нови луге ке запознаеш во новата населба ке оствариш и нови пријателства ке го прошириш кругот на блиските сигурно сама нема да дремеш.Не ги сфакај толку трагично работите Скопје е не е кај на светот.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Јас на прилично помала возраст (15г.) се преселив на оддалеченост од 10-15 минути. Факт е дека ќе имаш тешкотии со прилагодувањето безразлика на близината, на околината, на соседите, да нема секој ден да можиш да правиш иди ми - дојди ми со другарките за на кафе или да врвиш 24/7 со дечкото ама ќе се гледате. Ќе се гледате постојано. Ако се сака ќе се најди начин.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    На 20 години вакви драми и потресувања за едно селење и тоа во истиот град? А правиш нешто друго во животот освен што 24/7 си со другарките по кафиња и се гледаш со дечко ти? Јас на 20 години веќе имав редовна работа, на кафиња секој ден со другарки и "бош" муабети не ни помислував, се гледавме кога имав време, а со дечко ми нит сме биле 24/7 заедно, нит па сме сакале (освен кога ќе живееме заедно), зашто имаме живот двајцата освен врската нели. А да не збориме колку девојки и помали од тебе одат сами живеат во друг град, сами готват, сами се издржуваат, работат, учат...

    Постави си една цел во животот и тргни кон неа. Така се созрева, па ќе видиш како ќе немаш време за драмење и за секој ден кафиња, верувај ми. Си немаш друга работа па ќе се лигавиме за глупости. Деца.
     
    На eloves и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    На 20 години е срамота ова што го пишуваш. Знам дека навика е навика, дека страв од непознатото може да има огромен, знам дека од рутината тешко е да се избега.

    Ама имаш 20 години! Години кога треба да шеташ, да скиташ, да одиш на факултет, да одиш со воз по други држави, да не можат дома да те приберат, да имаш другарки насекаде, да создаваш нови пријателства, да се одвоиш од вечниот дечко и топлината на домот за д апробаш сама... И наеднаш, тебе светот ти се руши заради едно селење 20 минути подалеку.

    Што ако факутетот ти е во друг град, во друга држава? Што ако дојде некој и ти понуди работа во Франција за одлични пари? Ти ќе речеш, ааа не ,фала, ама јас не сакам да се делам од дечкото и другарките.

    Мислам дека е време да пораснеш, да решаваш проблеми кои се создаваат, а не да создаваш нови. Не е страшна преселбата. Прво кога ја отворив темава мислев дека е за селење, па бара некој совети како да се спакува во еден камион или кола, ама ова што го видов не го очекував ич. Јас се имам селено над 10 пати, секогаш сама или со цимери, цимерки, дечковци...И никогаш не сум имаала проблем. Другарките ми се над 20 години другарки, сме живееле во 2 различни града, во 3, по 50-100 км оддалечени и пак сме функционирале. Сум имала дечко кој по години во врска отиде 3 месеци на доусовршување во Белгија. Да се убиев требаше? Мојот маж сега редовно оди некаде низ светот и често не е дома, живеам од другарка ми на 150 км, а од другата на 20 мин, па сме блиски ко сестри.

    А сега советот што сакав да го дадам :) Најмете си комбе за селење и купете сунѓери за мебелот да не се искрши :) И земи над 100 кеси за пакување, оти секогаш има повеќе за селење од тоа што мислиш.
     
    На okcenzi и crimson им се допаѓа ова.